Не би ти препорачала, не им се убави водести им се а од покривност нула. Подобро купи си некоја од космо или од дм отколку од авон. Сепак ова е мое мислење
^ Се согласувам со коментарот над мене. Пудрите во авон се катастрофа, скапи се а нема никаква покривност.
http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite ... e/p/4063-4 девојки дали оваа пудра е вредна за купување ама сакам некоја што нема да прави како со брашно да сум се мачкала или пак ако оваа не е како што барам, некои препораки итно Е!!
^ Мене ми е убава, ја користам долго време. Јас имам чиста кожа, така што не би можела да ти кажам дали има добра покривност. Мене за фиксирање на течната, ми врши работа. Секогаш ја нанесувам со четка, така што не дава брашно-ефект
Ја има некој оваа крема за тело? Ме интересира да ми каже дали е добра,и дали се задржува подлго време мирисот на телото,знам дека преркасно мириса
Да, преееубава крема, до сега најубава според мене. Ем прекрасно мириса ем ја прави кожата многу мека и стои долго време. Ти ја препорачувам.
Чиста 10ка! Кремава е одлична, исто и јас ти ја препорачувам, мирис, нежност, мекост, убавина и трајност!
дали некој го има користено овој коректор или некој друг и дали се добри ??? http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite ... /concealer
Другарка ми го користи овој, како што кажува задоволна е. Јас пробав и не видов некоја разлика, мене не ми се допадна. За овој ти зборувам.
Да се пожалам не ми стигна производов, а баш со нетрпение го чекав да го земам. Точно дека беше на попуст, но барем ако е така нека го праќаат, а не да не стигнуваат понудените производи. Зборот ми е ако е на попуст некој производ барем нека го даваат. Не е убаво вакво нешто во никој случај. И во тековниот каталог е на попуст и е 269 денари, а минатиот каталог 189. Брука ќе се збогатат за ситни пари од Авон овој месец, посебно од производов со таква позстапка можат само да изгубат, а не да добијат профит.
Јас сум претставник на авон веќе 3 години ама во последно време Ги ставиле на попуст како што викаш а ги нема ќе ти порачаат луѓе па после барај ги сите по ред да им кажеш дека го нема тоа, па ај друго нешто и тоа го нема. Претеруваат... Инаку капките се преубави
Мене ми стигнаа без никаков проблем, можно е да имаш нефер дистрибутерка -пред неколку години мене ми се случуваше да не ми `пратат` продукти кои се на некој супер попуст, или штосен накит и на крај заклучив дека веројатно или си ги задржува за себе или им ги продава на пријателки. Престанав да порачувам од таа девојка и такви дешавки повеќе ми се немаат случено со Авон.
Дали некоја од овие пудри би одговарала на мојата мрсна кожа со ситни мозолчиња и црнки и отворени пори (на Т зоната) т.е. дали добро покрива, без притоа да имам брашно или лампион ефект?
Nausicaa Да бидам искрена и јас така помислив, но не можам да обвинам никого зошто немам доказ. Знам дека има и нефер дистрибутерки, сум имала искуство и со такви. Овој пат го порачав производов кај девојче што не го познавам и тоа преку моја братучедка која е нејзина другарака и заедно учат. Братучедка ми што имаше порачано се и стигна, а мене ете не ми стигна. Незнам што да кажам, но Авон има и таква мана. Производите што се на попуст се достапни во одреден број, така да кој стигне, стигне. За сјајните бисери за лице во февруари што беа на попуст, исто ме снајде. Не ми стигнаа кај девојчето што ги имав порачано. И прати сега-поминат беше тековниот каталогот за февруари (до 11 или 14.02 беше) случајно со вујна ми разговаравме и, и споманав за тоа. Таа и се јави на една колешка и ми ги порача замисли и после тоа хехех и ми стигнаа. Значи се е можно, порачка после крајниот рок на каталогот. Јас колку што знам не е возможно, ама за кого како. Да си ја исконтактирам јас вујничка повторно, нема да биде лошо. Ако може ок, ако не може пак ок.
Ги имам и двете. Немам мрсна кожа ама оваа пудра мене најмногу ми се допаѓа од авон, пред се затоа што е мат и е лесна не е како што викаш брашно ефект За второто немам зборови и тоа како дава убав финиш само биди внимателна со нијансата јас ја промашив испадна посветла од тоа што требаше
Јас конечно го пробав кремот за тело од какао на Авон Кар. Леле, значи неможе ништо друго да го замени. Преубаво мириса па дури и градникот ми мириса убаво. Долготраен мирис 200мл за 130 денари. Поефтино и поубаво амин.
Дали некоја го користела дневниот крем од Solutions плавиот? Или жолтиот Solutions truly radiant ? И што мислите кој е подобар?..Имам мрсна кожа па незнам дали ќе ми одговара..
Не што прекрасно мириса, за ценава и квалитетот што го добиваш е супер. За мрсна кожа никако првиот, ќе светиш ко лампион. Плавиот е ок за хидратација и за под пудра, а ако ти е мрсна кожата на лицето со мат пудра таман ке ти дојде. Јас за мрсна кожа повеќе ги препорачувам од Naturals кремот Tea tree & Cucumber. Го користев дур студирав, едно 2-3 години и не ми ја мрсеше кожата на лицето, а сепак имаш крема.
Фала ти за одговорот, но за жал овој крем не ми врши работа..го имам користено порано околу 1 месец во комбинација со лосионот за чистење или тоник што и да беше..но лицето многу ми го исуши,парчиња ми излегуваа од шо беше кожата сува и кога ќе ставев врз лицето пудра изгледав катастрофално, како над рани да се имам нашминкано и од тогаш веќе не го користам, па морав да ставам невеново, бадемово масло за да ми се врати кожата во нормала.. сепак фала ти за советот, барем да знам да не го земам жолтиот, не сакам да светам ко лампион