Јас го имам користено жолтиот од неколку тестери,некое време и мене ми беше супер.Јас имам нормална/комбинирана кожа,имам пишувано за него.Јас мислам дека нема премногу да светиш бидејќи оваа крема го матира и изедначува тенот,а дава убав сјај на кожата здрав,не да изгледаш мрсно.Јас пробав и со шминка одозгора и беше одлична,не ми се помрдна шминката.Ако ти е кожата премногу мрсна,тогаш сама одлучи си која крема ќе ја порачаш,не сакам после да бидам виновна за потрошени пари сепак ете и мое мислење за кремава. Се надевам помогнав барем малку.
го користел некој стикот? Сакам да си го порачам па ме интересира некое искуство ако некој го користел
Дали има некој искуство со оваа пудра Пишува за невидливо покривање и е 3 во 1 подлога, пудра во прав и коректор и шампонов си го порачав па ако некој имал искуство може да сподели
Дали сте ја користеле КAMEНАТА ПУДРА ЗА НЕВИДЛИВО ПОКРИВАЊЕ? Гледам во тековниот каталог е намалена 289 ден е,па се мислам дали да си ја порачам..Ако ја користела некоја нека сподели искуство..дали го измазнува лицето и какви се нијансите, со оглед на тоа што има само 2 нијанси незнам за која да се одлучам..имам светол тен, но со посветлата да не бидам многу бледа..Исто и за коректорот во стик за невидливо покривање ме интересира..дали убаво покрива и дали се згрутчува под очите.. И од него има само 2 нијанси.. oд пудрата неможев да најдам слика, од коректорот најдов
А да прашам какви се тие тастери на кармините? Во ќесичка е карминот или како? Навистина не ми е јасно. Доколку некоја има порачано тастери од кармини нека ми објасни.
Еве ги, вака изгледаат, исти се како и кармините во оригинално пакување само тестерите се нормално помали во грамажа Јас често си порачувам вака да си ги испробам тие нијанси што ми фатиле окце, за одпосле ако ми се допаѓаат да си ги купам 5 тестери мислам беа 60 денари
Сте го користеле ли овој интимен гел на AVON http://thumbs3.ebaystatic.com/d/l225/m/ ... sUrRsw.jpg и какво искуство имате со интимните гелови воопшто,пошто до сега немам користено а сакам да го порачам тој од AVON.
Баш овој го имам и многу ми се допаѓа, го зедов на попуст ко беше 109 ден, премногу се исплаќа..одличен е, нежен, пријатен, нежна и убава миризба има..се најдобро за овој гел, немам никакви несакани реакции што ми е многу битно, ни чешање ни печање, само добивам нежна и свиленкава кожа, ти го препорачувам Дали сте ги користеле овие две пудри од Авон и дали знаете што е разликата меѓу овие две? Едната е Ideal Flawless-invisible coverage foundation, а другата е Ideal Flawles-light foundation. Значи оваа првата е во стаклено шишенце и е малку поскапа од оваа втората што е во тубичка.Е сега ме интересира ако некоја користела да ми кажи во што се разликуваат, дали се покривни пудра,која е попокривна и подобра..и дали се погодни за мрсна кожа.. За овие 2 пудри зборувам :
Јас не би ризикувала на непробано,само со тестери.Лично ги немам порбано пудрите од AVON но имам читано некаде дека не биле баш.Сега ги гледам цените и не се баш ефтини,подобро купи си SEVENTEEN http://seventeencosmetics.com/uploads/i ... 092407.jpg или Bourjois http://bunbunmakeuptips.com/wp-content/ ... 5-52_2.jpg Двете се убави ама последнава многу ми се допадна бидејќи имам мрсна кожа и плус прекрасно мириса
Девојки ја има ли ташнава во тековниот каталог ? Можеби е нов производ во наредните каталози, знае ли некој Ми се допаѓа, баш е убава.
Јас веќе одамна ги користам производите на Авон. Сега имам само: кармин, маскара, спреј за бубулици на грбот и рамениците и толку. Морам да го пофалам и парфемот Femme. Преемногу ми се допаѓа. Мене подарок ми беше, но брзо го потрошив. Колку му е цената сега? Го гледав во каталозите за Април и Март, мислам дека цените му беа различни... Ако знае некој која му е цената за Мај, нека ми пише лп.
Јас го користам овој гел,многу убаво мириса.Порачај си го слободно lightning123 Во новиот каталог кој трае до утре (05.05) парфемот го имаш во комплет.Значи комплетот содржи парфем,спреј за тело и лосион за тело.По цена од 899ден.
Девојки ај некој што го има гледано следниот каталог нека види колку е VIP truly radiant тонирана крема спф20.
Денес ми стигна, прекрасна е. Лицето е нежно и убаво мириса. Дали некој ги има користено маските за лице од планет спа и дали се добри.
Јас веќе долго време ја корстам маската на планет па за измазнување на лицето од ориз мислам беше таа што се лупи. Многу ми е убава ја ставаш на лице и како се суши цело лице ти го стегнува и потоа целата се вади како маска,многу е убава и лицето го прави многу мазно и меко
Ми ја препорачаа ова маска. Утре ке ја земам и ке пишам за ефектот и резултатот. Благодарам за мислењето. Позз