Јас имам маска на Авон Clearskin, она зеленото досега нема никаков ефект, но јас ја користам. Кога бев кај една другарка таа си стави од гелот за чистење, тоникот и лосионот за лице со алое и ѓумбир на Авон Care, синиот. По неколку минути го исплакна со вода и лицето и беше мазно и совршено. Јас си порачав такво, го очекувам да стигне
Pur Blanka, Femme, Sensuelle Овие ги имам користено и можам да потврдам за нивната трајност. Убави парфеми се, нежни и ненаметливи
Pur Blanca имам користено, всушност се уште го имам, и не го ни користам, некако не ми беше постојан, ми се губеше мирисот за кратко, ама ќе видам за другите два. Фала
Femme некако мене ми траен,ама неможам мирисот да му го поднесам некако не ми е по мој вкус. Сакам да го пофалам Луксузниот Кармин со апсолутна боја. Искрено презадоволна сум,и од трајност и од се.Стварно вреди за парите.Го нема ни оној специфичниот мирис на крамин. Одлично.Оценка 10\10 Инаку ич не ги сакам кармините Color Trend стварно имаат убави нијанси на боички и трајноста им е солидна.Ама мирисот им е ужасен.
Девојки едно прашање до вас .. Дали знаете дали има во Авон едно како спреј е за коса..ја зацврстува,да не се мрси косата и да мириса убаво и од малина е . (такви само има де ) На една моја другарка и донесоа такво ама не од тука,и спрејот е од авон...побарав на страната на авон но неможев да најдам,или пак можеби уште нема такво. Ако некој ме разбра нека ми пише
^^^Во сегашниот каталог има спреј за отплеткување на косата со кајсија и шеа путер и спреј со коприва и лопушник, и двата се од колекцијата Avon Naturals.
Не овој парфем дефинитивно не е лесен ниту пак нежен ... има многу јак мирис,доколку бараш нежен парфем и секојдневен овој нема ни најмалку да ти се допаѓа ! Извини Симона морав да цитирам-сепак се работи за разни вкусови
^ И јас се сложувам со Viktorijaaa5. Парфемов има јак мирис и е потежок. Не би ти го препорачала доколку сакаш да го користиш секојдневно и при тоа бараш да биде нежен. Би ти го препорачала Sensuelle. Сметам дека е еден од најнежните парфеми на Авон, кои досега ги имам користено, а и трае. Исто така и Secret fantasy парфемите се понежни и погодни за секојдневна употреба.
Secret fantasy јас го коритам веќе подолго време преубаво мириса и многу трае Моментално го имам овој а овој за нијанса може да е и понежен ,имат многу лесен и убав мирис ти го препорачувам,нема да зажалиш
Treselle е баш нежен цветен и лесен парфем. Го користев лани овој период и дефинитивно ми ја одбележа пролетта. Верувам дека ќе ти се допадне и нема да згрешиш.
Да,сега ми текна на шишето пишува Avon Naturals ама исто пишува Daily hair (тие се ама изгледа има за различни типови на коса ) А знаеш колку чинат? Еве ваков
^ Јас го користев овој порано, али го нема веќе одамна Други има сега, амо со различен мирис . Иначе , цените им се движат од 150 до 200 ден. максимум. Зависи кога се на попуст
Нежен парфем и воедно убав, можам да го препорачам Fleur, мене многу ми се допаѓа..е сега би ве замолила да ми препорачате некој ЈАК парфем и траен...обожавам јаки парфеми..
Инаку последно што нарачав е од предходниот каталог маскарата супер шок во комбинација со сјајчето за волумен на усните За 320 ден
Би ти ги препорачала Rare Gold или Rare Pearls, Today Tomorrow Always Forever, Avon Instinct и Christian Lacroix. Досега, од сите парфеми на Авон што ги имам користено, овие ми се најјаки и најтрајни. Според мене ова. Не знам колку јаки парфеми сакаш.