Новото го немам пробано, ама сигурно наредно ќе го порачам сакам да видам какво е. Го имам користено и она со арганово масло, но почесто го нарачувам она со зелено капаче. И двете ми се добри.
Многу е убаво. Ми се чини дека е надобро до сега. Косата ја прави баш како свила. Нема да згешиш ако го земеш.
Сестра ми неодмана го порача, заедно со масажерот и вика дека има резултати. Само со подолготрајна употреба сигурно и резултатите ќе бидат повидливи.
Јас скоро го земав новиот серум. Убав е, ја прави косата свиленкаста и полесна. Ама сепак, зелениот е најдобар.
Си порачав Супер Шок маскара после многуте пофалби овде Да додадам дека во каталогот кој е до 26 Мај две маскари се за 300 денари.
Некогаш го даваат карминов за 250 денари ( отприлика ). Тоа им е најефтино. Јас така си го ловев цела година али многу е убав! Се заљубив у кремава И јас исто сум претставник. Имам купено многу накит од Авон. Значи, сум приметила дека оние накити што се посребрени не потемнуваат.
Гледам и другите така напишале, значи да не ја отварам додека не ја потрошам другава барем полна да не ми се исуши
Јас го порачав веднаш штом излезе во каталог,за 259 ден на попуст беше,промотивно пошо тогаш излезе,и од тогаш секојдневно го користам и можам да кажам дека е супер. Фиксатор не сум користела друг,од што не ми текнало,така да неможам споредба да правам со други фиксатори. Овој е супер,за цената е прекрасен,па дури и со обична(неводоотпорна маскара),кога се бањам а не ја извадам маскарата не ми се разшлакува,исто и пудрата ја задржува многу, многу подолго. Шминката не дозволува да се разшлака и ја задржува барем шест,седум часа. Порано дома се враќав како скооро и да не сум ставила шминка,а сега можам да кажам не ми е ни помрдната од лице.
Не се замарај толку, ништо нема да и биде. Јас ја користам 3 години само таа маскара. Ми трае по 4,5 месеци, а ставам нон стоп значи. Малку е посува, ама јас така повеќе ја сакам, не се рони во очите како други маскари и не прави грутки. Овие ти се исто многу убави. Cuty Rush е малку поскап, а другите два се со подостапна цена. Јас му ги купував на дечко ми нон стоп. Cuty Rush демек е од линијата на парфеми на Мила Јововиќ. Доста е јак парфемот. За летно време не би го препорачала, освен за навечер, нели О2 ми е најубав
Денес ми стаса лосионот за тело од Роза и чоколадо, преубаво мириса и трае јас уште утрово ставив и уште мирисам како да сум ставила пред пет минути Ме интересира дали некој го има користено спрејот за тело и пилингот
Спрејот е дури и поубав од лосионот барем јас мислам така Јас како дезедоранс си го користам Многу сладок мирис има а и многу трае.Исто така ти го препорачувам и од слива спрејот омилен ми е засега + во најновиот каталог мислам дека сите спрејови се намалени и се по 99 денари
Да ви се вмешам малку во муабетот Спрејот со слива и ванила е нешто божествено, препрепреубаво мириса и ненормално долго трае!!! Ова е втор пат како го користам и планирам да го прекупувам се додека го има во каталог Исто така, би го препорачала и спрејчето со калинка и манго Што се однесува до спрејот со роза и чоколадо, мирисот долго трае така да сигурна сум дека ќе бидеш презадоволна