Aх очигледно имаме исти вкус за добар мирис Спрејот од слива и ванила ми е број еден поубаво и посвежо нешто здравје ,исто и калинка и манго, баш се лесни и свежи за овој период од годината
Jaс го користев од манго и калинка, сега кога ми се потроши го нарачав од слива и ванила. Штом вас ви се допаѓа сигурно е убаво
Јас го имам користено, убаво мириса но многу дискретно. Според мирисот од каталогот очекував повеќе. Мирисот е цветно - сладок но доминира темјанушката. Инаку долго трае, за тоа немам замерка
Ги проба ли некој гелните лакови? Јас зедов лилава нијанса ама многу се разочарав, наместо сјајна нијанса, јас добив скроз мат Какви се вашите искуства?
Девојки, има ли некаква опција за онлајн-нарачка со картичка? Ептен ме фати мерак за некои продукти, а немам ниту претставник, ниту пак сум информирана каде им се наоѓа претставништвото во околинава. Any help ?
Јас многу сум задоволна од мат кармините што излегоа пред 2 кампањи. А последно ја порачав ideal flawless mousse крем пудрата и ми се нафрли лицето. Многу се разочарав.
Пудрава ја порачав пред некој месец, имав слушано позитивни работи за неа, но мене воопшто не ми се погоди. Многу лошо мириса, на пластика, најсветлата нијанса не ми беше доволно светла, и пермногу е правкаста откако ке се нанесе на лицето. Тоа можеби и зависи од типот на кожа, но јас имам комбинирана и не очекував да ја чувствувам така. Сега ми стои во фиока, не знам што да и правам.
Девојки ајде помагајте!! Дали некој ја има користено оваа маска за вадење на црнките од носот? Помага ли навистина, да не ги фрлам џабе парите? ги вади ли црнките од носот, тоа ми е најважно???
- Имав нарачано лосион од црешов цвет, поприлично пријатно бев изненадена. Многу убав мирис има, долготраен, убаво хидратира, кожата е мазна, мека и миризлива. - Од шампоните сум разочарана. Ништо посебно не ми се. - Имав од поефтините парфеми, беа слаби и недолготрајни, додека од поскапите се многу подолготрајни и секој одма ги заприметувал.
Џабе, не го порачувај ич, никакви резултати нема. Пилингот е добар од овие сививе, одма после кожата е мазна
Ми стигна гел лакот во лилава нијанса, ама ич не сум задоволна.Очекував сјајна гелирана нијанса, а оваа излезе скроз мат, не знам што е проблемот, другарка ми земала црвена боја и нејзиниот е сјаен и убав
Девојки да ве прашам го има некој користено гелов за затегнување на задникот? Јас вчера го зедов и ставив ама имав чувство како да ми е многу топол задникот, дали така треба или пак не? Прв пат користам вакво нешто.
Не сум го користела чудово досега, но гледано од моја перспектива нема ефект од ваквите гелови,креми и слични препарати.Сум користела гелови за стрии, за целулит од Авон, од Орифлејм и други фирми но немало никаков ефект само од мачкање. Се дури не почнав да тренирам, да вежбам в теретана и да трчам секој ден...значи ако немаш секојдневна навика да се движиш, да вежбаш, верувај ми џабе ти е мачкањето со некакви си гелови за затегнување на задникот. Гелот можеби ќе ти даде некоја еластичност на кожата, но да го затегни задникот...не верувам. Сепак ова е мое мислење, ако имаш позитивни резултати сподели тука
Со другарка ми работиме заедно со Авон мајка и е зачленета ама ние си правиме порачки. Од ласионите, геловите за туширање, спрејовите, имам и еден балсам за коса, спреј за коса и од таквите работи сум задоволна. И ролончиња имам користено ама не сум баш задоволна имам приметено дека некој непријатен мирис па некако се чуствува. Незнам како да објаснам. За во зима се добри ама за во лето според мене никако. Парфеми не порачувам бидејќи ми се скапи оти не работам сеуште сум ученик. Козметика не порачувам бидејќи имам забележанодека во каталогот и кога ќе стигне производот не е истата нијанса. А вака си отидам во некоја продавница и си одберам точно тоа што ми се допаѓа.