Ќе можи некоја феминка што е зачленета во Авон и што прави порачки и што се разбира во оваа работа да ми се јави во ЛП, имам едно прашање многу важно
Со новиот каталог на Авон ми стигна и еден лист и на листот од едната страна има цел комплет за 279 денари од орхидеја и боровинка има ласион за тело, гел за туширање и спреј за тело. За тие пари не е скапо ама бидејќи дома имам 2 спреја од Авон ама од трајноста и не сум нешто баш незнам едвај 2 саати трајат ама сум слушнала дека ако го имаш истиот гел за туширање се избањаш па се намачкаш со ласионот и ставиш спреј повеќе ќе ти трае спрејот. Убаво мирисаат. Што мислите вие да ги порачам? https://www.google.com/search?q=avon+na ... y&tbm=isch
Јас најверојатно ќе си го порачам ова и мене ми стигна флаерот со комплетот од боровинка и орхидеја.Инаку да,можеби мирисот ќе ти потрае подолго така,бидејќи не мешаш мириси..само еден е.
Девојки што мислите за двобојното брнозено руменило за лице, не можам да најдам слика. На 60% попуст е и цената му е 259, страна 12. Ново производ мислам дека е, ако не се лажам.
Мене денес ми стасаа кремот за кутикули и српејчето за тело од роза и чоколадо.. кремот го користам подолго време и навистина е добар, си вреди за парите а од спрејчето, што знам нема толку интензивен мирис како лосионот, за сат-два и толку е.. Пишав и во темата: Парфеми од Avon ама ајде еве и тука ќе цитирам
Oд комплетот за веѓи не сум задоволна, можам да си го користам единствено она како восок што е за обликување и скротување, а кафеното нема врска, воопшто не пушта боја. Исто и од сенките не сум задоволна и нема намера веќе да ги порачувам, после "орање" во сенката едвај да пушти малку боја на четката, а кога ќе нанесеш на окото исто како да не си. Од пудрите нема некој што не се пожалил. Катастрофа! Најзадоволна и најредовно ги купувам (сите од фамилијата ги користиме) ролоните. Ни на 40 степени не ме разочарале, од утро до вечер си мирисам убаво. Кармините често сум ги утнувала, ама последниот Еxtra Lasting (нијанса Sunkissed Ginger) не го бришам цел ден од уста. Месецов го порачав и ми стигна 3 во 1 гелот за чистење против мастење нормална и комбинирана кожа од ехинацеа и пченични никулци, го користам неколку дена и мислам дека е одличен. Не ми ја суши кожа што ми е најважно. Задоволна сум од ташните имам неколку и не ме разочарале ниту после долго носење, исти се како што биле купени.
На некоја од вас и се наоѓа каталог? Го барам карминчево што го користи девојкава во видеово https://www.youtube.com/watch?v=l1w1s_5F21c Е сеа во опис стои само -Avon Pink Lily N123 Lipstick на гугл не најдов слика. Барав на нет, нели брошурата на авон ама премногу ми се ситни тоа буквите и никако неможам да им ги прочитам имињата на нијансите. Ај ако некоја го најде карминчево во каталог, нека ме извести да си го порачам едит станува збор за овие кармини
Јас земав плав но не сум баш задоволна не е несто спешал не вреди за паарите. Пази кога порачуваш боите се обележани со круг или триаголник односно доле со звездичка е мат или сјајно со светки. Портокаловиот ти е цветен има малку потежок мирис , плавиот е свеж мириса на кора од лимон летен мн е добар додека лилаковиот е по тежок повеќе за во зима. Зависи каков мирисобожаваш. Затие пари вреди јас најевтино до сега што сум ги начекала се 320ден.
Pink13 треба прво да се зачлениш во Авон значи ако си малолетна може со личната карта на твојот родител и мислам дека треба да собереш порачки околу 2500 денари и после за 25 денари можеш да си земеш парфем или нешто такво.
Мене најмногу ми се допаѓа портокаловиот,па потоа плавиот..виолетовиот воопшто не ме привлече.Сакам да го порачам портокаловиот
Го имав користено,но поодамна. Искрено мене поефтините парфеми од авон не ми се допаѓаат воопшто,мислам некако џабе фрлање пари ми се,во тековниот е 529 и искрено за 1000 и нешо денари, тудеј тумороу колекцијата,ми се многу подобри. Мене мирисот ми се допаѓа,свеж е и убав е за лето,но искрено ни 2-3 часа не ми трае. Епа радо би дала уште 500 денари и би мирисала скоро цел ден,и како што кажа една членка во претходните мислења,додека користела поефтини парфеми од авон(под 1000ка),никој не забележал дека има ставено парфем,а кога почнала со поскапиве сите забележале,со сигурност можам да потврдам дека е така,сега моментално го користам инканденсенс,и ми трае помалку од 2 часа.
да имам користено и уште ја користам зошто сите црнки на носот се вадат само со мал притисок и гел за лице и после миење носот ми е мазен
Девојки дали некоја од вас ги има користено овие креми за лице, размислував да ги порачам но сакам да бидам сигурна дека се добри...