^ Кремот искрено не е нешто посебно, го имам користено. За мрсна кожа е, но ништо не видов од матирачкиот ефект. Ми светнуваше лицето пола саат после нанесувањето. Ама од маската сум презадоволна, ти ја препорачувам. Преубаво го чисти и измазнува лицето, јас се уште ја користам.
Дали се убави парфемите, прашувам и за машкиот и за женскиот.. гледам нешто во следниот каталог може да се порачаат за 260 ден.Има и некој услов, доколку некој знае нешто повеќе нека пише
Женскиот парфем знам дека е убав, една другарка го порачуваше, убаво мириса, а додека за машкиот не сум сигурна бидејќи не сум го помириснала...Сега видов во профилот што ми е на Авон дека условот е овие парфеми да се порачаат во Каталог 11 доколку во каталогот 10 се порачаат производи во вредност од 800 денара, или од летокот кој што оди заедно со каталогот. Само тоа
Машкиот го има татко ми, како и секој машки парфем е, има јак мирис што многу ми се свиѓа а и трае по многу време, за разлика од оние женските парфеми од авон. Инаку парфемите мислам само претставниците може да ги земат за 260 денари, секако доколку имаат порачки над 800 денари од каталогот.
^ Не, не е само за претставници, можат сите да ги земат за 249 денари во наредниот каталог, доколку порачаат производи за 800 денари во овој тековен каталог. Или не ни мораат да порачуваат толку, сигурно и да не порачате ништо од тековниот ќе си го земете парфемот по таа цена доколку имате некој близок претставник. Иначе, парфемот женскиот јас го користев минатото лето и сега пак ќе си го порачам. Многу е убав , нежен, свеж. На прв мирис мене искрено воопшто не ми се допадна , но после некое време кога ќе почнат нотите да се шират е прекрасен Машкиот, е типичен машки парфем, така јак по мирис. Ништо посебно, но не и за фрлање. Во однос на трајноста се со средна трајност, не очекувајте цел ден да мирисате. Како и да е понудава е одлична за двата парфеми.
Маската за лице подолго време ја користам.Имам позитивно искуство и ти ја препорачувам,а за кремите не можам да споделам искуство бидејќи не користам креми за лице порачани од каталози.
женски сакам да се зачленам во авон но не сум запознаена дали плакам за поштарина, за обработка на фактура, колку имам заработка? дали стигнува дома или не и преку што пракаат па ако некоја сакада ми каже а воедно и знае нека ми пише во лп
Овој сјај ако не се лажам и пече малку кога ке ставиш. И мислам дека е за истакнување на усните подебелид а ти ги направи. Другарка ми има два и добри се плус бојата брзо не се брише.
Овој ми стоеше едно време, па и го дадов на другарка ми. Дефинитивно најужасен сјај што постои. За боја има боја, ама дека пече ауууу се каам што толку пари дадов за него.
Има ли некој користено solution производи?конкретно она за подигање гради и едно за задник?искуства..
^Понекогаш се случува некои продукти да `паузираат` една или две брошури па пак да ги има во наредните каталози.
Имам едно за лифтинг и зацврстување на задник. Убаво е, ама мириса ужас. Иначе мене само ми ја мазнеше кожата ништо повеќе.