Мислам дека поубав производ за после сончање нема! преубав е путеров, ја прави кожата мека, свилена, а мирисот е преубав! сон!
Umbrella22 задоволна ли си? Ти стигна парфемот? Подигање гради и задник може само ако ги запотиш, незнам зошто се лажете на овакви производи. Јас верував еднинсвено на кремите за целулит но кога прочитав статија дека и тие се неефикасни значи потполно се разочарав. А и како да бидат ефикасно за 300-400 ден крема за целулит...абе ај Veki4kaa да не има путеров светки такви глупости или бел е?
Да да ми стаса ама не сум многу задоволна, ептен остар мирис на лимон и не е долготраен..тоа е за 250 ден толку Туку јас сакав да ја прашам Veki4kaa за кремот, колку пари е кремот и на што мириса?
Veki4kaa да не има путеров светки такви глупости или бел е?[/quote] Чист е како солза не шала на страна, мн е убав, посебно мирисот
Јас оваа крема ја земав пред некое време, ама ич не сум задоволна од неа. Кога ја ставам на раце како суви да ми се, ми се рони. Само за нозе ја користам место лосион, убаво мириса.
Можеби прашањево не е баш за во оваа тема, ама неможев да најдам слична. Како да стаман член на Авон? И како да правам нарачки?и дали нарачките ги добивам преку пошта на домашна адреса или ?
Можеш на страната на авон, да се зачлениш сама, или да побараш координатор да те зачлени, нарачките ако сакаш ти стасуваат дома или си ги земаш во пункт, а нарачките се прават на страната
јас ја купив кремата за сува кожа бидејќи кожата на лицето ми е претежно сува и да си ја купиш кремата нема да згрешиш го покрива црвенилото, ја прави кожата мазна и трае мене образите ми се многу црвени ми го покри црвенилото но потоа пак се познавааше но не премногу, главно задоволна сум во овој каталог кремот за сува кожа мислам дека беше 500 денари а за мрсна 250 денари јас сум задоволна многу убаво ја бриши шминката а исто така и го чисти лицето само што малце не убаво мириса
Мојата отиде во вц шолјатаја истурив. Гадно мириса и ми се појавуваа покожни брунчиња лицето ми вивнуваше после секое користење. Среќа што ја земав за 99ден па и не ми беше толку жал за овој производ.
DzingrlakaDzikica, јас бев презадоволна, имам сува кожа и воопшто не ми ја иритираше, напротив ми ја смируваше и негуваше но навистина има малку поспецифичен мирис.