Јас работам како претставник во Авон и речиси од се по нешто имам дома ..Единствено не купувам аксесоари бидејќи многу се скапи, а и ми се имаат пожалено корисниците дека 'рѓосуваат.. Онака супер се во Авон, и многу повеќе ми се допаѓаат од Орифлеим.
пудрата е одлична многу е убава....слободно купи си ја...а маскарата super Shock Max е најубавааа....
Јас сум зачленета во авон и скоро цела козметика ми е од авон. Еве неколку што ми се нај Имам 6-7 парфеми и од сите сум задоволна а најмногу го сакам тудеј, јак е и трај многу. За тело: лосионите скин со софт розевиот и од натуралс кремот од ванила. За лице: кремовите, геловите и тоникот од солушнс се преубај исто. Од планет спа маската со кал од мртво море, кремот за стапала и за раце. За уста: Од сјајчињата најубаво ми е тоа со ефект на пецкање за зголемување на усните и моливчињата мн траат. За очи: Од маскарите најубава ми е екстра ластинг и дијамантските моливчиња се незаменливи. Четирибојните сенки, трибојните сенки и течната сенка од супер шок. И за веѓи користам од моливчињата, и од нив сум презадоволна )) Овие се некои од поомилените производи од авон, користам и многу други ама да не ги пишувам сите, овие мислам се доволно
можеше да пишеш дека од се си задоволна, немаше потреба да набројуваш јас ги користам производите, најчесто парфеми и кармини од нив сум најзадоволна, исто и геловите за туширање и капки за коса зелените маскарите воопшто не ми се допаѓаат кремите и така и така, несум нешто презадоволна само од пудрите несум пробала, си купувам во парфимерија, вака нз која нијанса да порачам само пудрите несум ги пробала
а моливите што се за очи добри се? сакам да си земам некое од оние што се сваткави и некое црно,препорачајтеми некое подобро..
немислев дека е забрането, туку да не се мачеше толку да пишуваш но ако не ти смета слободно набројувај си моливчињата се убави, но светките ги има само во каталог, во живо нема ни с од светки, а црните сите се убави, јас гo користам самоостречко blackest black, другите ми сметаат на очите, постојано ми сузат очите од нив.
Најдобри моливчиња се во тековниот каталог што се, дијамантските на последната страна, 149 ден, не се размачкуваат и светкаат
Често нарачувам производи од авон, но најчесто производите за нега на тело (гелови за туширање, лосиони за тело...). Производите за нега на лице не ни помислувам да ги нарачам затоа што воопшто не годат на мојата кожа и најчесто имаат штетни последици врз лицето. Кога станува збор за парфемите и тоалетните води воопшто не сум задоволна затоа што не траат ни 5 минути по прскањето (иако убаво мирисаат).
Јас веќе две години само од Авон нарачувам. Оние производи што се за нега на тело и лице ми се допаѓаат ама од пудрите и руменилото воопшто не сум задоволна. Парфеми имам неколку порачувано и задоволна сум, исто и кармините им се убави и квалитетни. Ама затоа пудрите воопшто не ми се погодуваат.
девојки која крема за лице да ја земам од авон,имам малце мрсна кожа и проблематична(со поткожни акни) и која маска да си ја земам?::::....поз
чудно, ама јас највеке сум задовлна од парфемите, досега не ми се погодил некој што не трае, баш се трајни и не изветрејуваат брзо
Да користам козметиа од АВОН и сум задоволна до сега , најмногу купувам козметика за тело , и тоа тие овошните шејкови што се посебно тој ванила ... ги имам испробано скоро сите гелови за туширање ама не сум многу задоволна од нив
Го купив спрејот пред некое време ама мириса феноменално, ми иде да го испијам Епа за 150 денари е навистина феноменален Спреј од калинка и манго
Да, јас и многу сум задоволна.. прекрасни нијанси, трајни дури и ако не ја извадам шминката до сабајле ми траат. Моментално ја користам нијансата Моцха Лате мислам дека се викаше и се препреубави..За тие 300инесо денари, вредат многу