DzingrlakaDzikica, и јас сум многу задоволна од тоникот, а што се однесува до мирисот мене ми нема некој лош мирис...
Сакам да го порачам двобојниот бронзер ама во претходниот каталог го испуштив, во овој го нема, дали знаете дали ќе го има во наредниот каталог тие што сте зачленети ако имате однапред каталог ? Да знам дали да го чекам или да си купам некој друг
Јас го имам каталогот за септември досега г гледав. Ама каков е тојд вобоен бронзер? Не те сфатив баш. Ако можеш слика да најдеш да ставиш да видам и ќе проверам во каталогот веднаш и ќе ти пишам.
Јас го имам користено овој коректор. Мене ми беше просечен и не би го купила повторно. Покривноста му е слаба, го користев за круговите околу очи и пак не ми ги покриваше добро, а црвенила не покрива воопшто. За акни, зависи какви, помалите ги маскира некако, ама поголемите нема шанси. Подобар е оној коректор во тенка, црна и висока амбалажа на извлекување како кармин, ама не знам дали уште го имаат, јас го користев кога бев тинејџерка и беше еден од подобрите кои сум ги имала.
Го нарачав овој лонсион и на едно место читам дека се нанесува пред сончањето а овде пишува дека се нанесува после туширање??? http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite ... e/p/4750-6
Во каталогот пишува Хидратирачки балсам со бета каротен кој му дава нежна кафеава нијанса и на вледиот тен и благодарение на Л-аргинин и екстрат ид кола го забрзува природниот процес на потемнување на кожата. Така да бидејќи е лето и често сме надвор можеш да го користиш и после бањање а ако одиш на одмор мислам дека се користи откако ќе излезеш од вода и ако си подолг период на сонце за да ти потемнее кожата.
Ми треба мислење за оваа сенка на Авон. Претходно имам купувано од оние што се исто така четири нијанси во една, ама округли беа и воопшто не бев задоволна, треба да копаш по сенката за да пушти малку боичка на четката, а светки колку сакаш. Ако е со светки како што можам да приметам во некои рецензии на гугл, воопшто и да не ги гледам.
Дали некоја од вас ги има користено маските на Авон Планет спа и која би ми ја препорачале за добра хидратација и прочистување на порите? И дали одкако ќе се стави маската се лупи, или само се мие?