Јас ја имам оваа и задоволна сум од неа. Оваа не се лупи, туку кога ќе осетиш дека ти се затега кожата, се стврднува и потоа се мие. Имаше и некои што се лупат, но немам користено, ќе си видеш подобро во каталогот. Инаку, супер се маските на Планет спа.
http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/eBrochure.page?index=1&cmpgnYrNr=201412 Дали некоја го има користено кремот на стр.79(неможев да најдам слика, па затоа вака) и дали е задоволна?
Маскава е супер за прочистување на порите ама да си знаеш дека воопшто не е наменета за сува кожа. Ако имаш сува и чувствителна кожа, неколку дена ќе те чеша лицето после нанесувањето, прилично е брутална од аспект на длабинско чистење. За хидратација би ти ја препорачала таа зелената со маслиново масло што е. Исто така, неколку поста претходно се спомнуваа четирибојните сенки, морам да кажам дека подобри и потрајни сенки во живот немам користено.
Се сложувам со тебе за квалитетот на четирибојните сенки.Тие се единствените што ја задржуваат пигментацијата во текот на денот за мојата комбинирана кожа.Долго ги користам,трајни се и не би ги менувала.
Јас имам користено и маска за лице и за околу очи... Мене кожата на лицето ми е мрсна и ради тоа не ми одговараа и не бев уопште задоволна.... али тоа зависи од типот на лицето, може тебе ќе ти одговараат. Овие двете се
Ааа дали некој има користено крем за отстранување на влакна од лице од Skin so soft ? Дали да го порачам или не...
Јас ја користам оваа пудра, и ти ја препорачувам. Многу е лесна, ти го израмнува, и не ти го прави лицето како да имаш ставено кој знае колку пудра, а доколку ја користиш со Luxe течната пудра ефектот е уште поубав.
Може овој најновиот што е Parisian Chic, тој моментално ми е најубав, само незнам дали трае многу, инаку може и Far Away, убаво мириса, не е многу јак, трае повеќе... се најдобро за него
Ај некој што е претставник подолго време да ми пише ЛП. Ми треба нешто во врска со фактурата и нејзината исплата , итно ми е
Рокот не го пишува со бројки туку е нацртан. Назад на пакувањето има како канче со на него бројка 6,12,24,36м... Тоа значи од кога ќе го овориш производот 6,12,36...месеци... Јас имам маска на планет спа и само што проверив - 12 месеци од отварањето на маската...што значи дека ми е поминат рокот но јас си ги користам и нешто плус од тоа, досега сум немала проблеми поради тоа. Не се јаде па да го мислам Моја препорака е да не си ги фрлаш за џабе парите Ама за лесност и нежност, не
Мене такви ми се допаѓаат, џабе лесни и нежни кога додека да излезам не се осеќаат. Шала настрана убави парфеми имаат ( на мирис) ама навистина не траат .
Горе на тубичката, каде е споено пакувањето е втиснат датумот на производство, можеш да се раководиш според него. Рокот на употреба е навистина 12 месеци од отварањето но можеш да си ја користиш маската и многу подолго, ако е чувана на ладно место ништо нема да и биде
Таман деновиве ќе пишував за тоа колку е ужасна новава маскара и еве сега гледам ја изрекламирале на Фемина. Ја испофалиле како да е којзнае какво откритие. "... мазно и рамномерно ја нанесува маскарата без да создава грутчиња, а нејзината формула со течен состав ги прави трепките меки и лесни“, изјави Васка Леонтиќ. Ти благодарам В.Леонтиќ - подобар виц немам прочитано. Маскарава ќе биде достапна од месецов, така да ако ја пробате одговорете ми за да знам дали е до мене или маскарава стварно не чини.
Каква е маскарава, ја пак ја видов дека е нова и премногу ја рекламираат и си мислев да си ја порачам, ама твоето мислење ме предомислува .....:/