Старите и исушени маскари ми ги прават трепките 100 пати поубави во споредба со новава. Не знам дали е до мене, до моите трепки или навистина не ја бива. Еве направив еден колаж колку да можеш да видиш што мислам Спојлер Без замерка за веѓите. Трепките се моментот
Најверојатно е до четката, мене овие четки со вакви влакна не ми одговараат воопшто. Од авон ја користам Supershock и преубави ми се трепките како вештачки да имам ставено. Баш се израдував кога го видов постот за новава маскарава и кога ја видов четката се разочарав знам дека нема да ми се погоди. Сепак се зависи од трепките, јас избегнувам вакви четки колку и да се рекламирани, фалени. После мојата утка со Maybelline не ризикувам многу со нови маскари.
Дали некој ја има користено безбојната пудра за мазнење на лицето ( на сликата ) ? Се мислам дали да ја земам, не е баш ефтина и не ми се ризикува. Имам чисто лице па затоа сакам вака некоја полесна пудра.
^ Јас ја имам, ама не би ти ја препорачала. Има некоја чудна структура, многу е течна, непокривна воопшто, и со некои ситни светки. Да не ми стои така за џабе, јас ја користам понекогаш како хајлајтер.
Ова дефинитивно е разочарувачко... Сигурно е до четката, како што гледам на сликите поинаква е од другите.. Јас ја користам Aero Volume, не е кој знае колку добра, но 100 пати е поубава од оваа. Значи навистина во Авон најдобри се Super Shok маскарите.... Ти благодарам што ми покажа
Девојки, зачленета сум во авон од каталог 8, и сега сакам да се зачленам пак на име на дечкоми ... Ме бендиса новиот парфем... Но оваа што ме зачлена ми вели не може на иста адреса и безразлика дали е др име или друга адреса прво морала да праша зашо така ќе му се измешало таму... Исто така сум член и на орифлем кај нив пак кога сакам си се зачленувам и на кој сакам и овие што ме зачленуваат без проблем ме зачленуваат. Сакам да ве прашам сварно не може во авон така или девојкава не сака?
Или девојчето кое што те зачленило не знае, или не сака. Може. Јас и мајка ми бевме зачленети во исто време, значи на иста адреса и пак немаше никакви проблеми. Само не знам дали прави разлика тоа што имавме различен координатор. Исто така, познавам едно девојче, кое така ги зачлени и мајка и и сестра и, кај исти координатор, и секако иста адреса.
Го има ли некој користено фиксаторот за шминка од авон? Во црно пластично шише- не можам да прикачам слика?
Сакам да нарачам некој спреј за тело ама немам никогаш користено, па сакав да прашам тука за мислење. Се мислам за овие Kој е поубав? Или имате некој друг да ми препорачате? Не сакам овошни мириси од типит на јагода, малина... повеќе сакам цветни мириси, нежни, а може и цитрусни.
^ Cocopuff би ти го препорачала ова спрејче. Денес ми стигна, и мирисот е свеж и лесен. Можам да кажам дека има најдобар мирис од сите спрејови на Авон кои досега сум ги користела.
Гледам во новиот каталаг на последната страна парфемчињата се по 270 ден. 30мл па сакам да си порачам, само незнам кој И за двата имам слушнато пофални зборови, дека навистина убаво мирисаат и се трајни.