ќе биде оф топик но ме заинтересира кремева, кремава е слична на ББ крема и се прилагодува на секоја кожа или??
Јас го порачив кремчево оти имам многу мрсно лице, а пишува дека подолго време го матира.. Некој дали има искуство со овие солушн кремовите, што мислите добри ли се? Мајка ми користеше еден дневен и ноќен и беше задоволна...
Neznam dali na moeto prasanje mestoto mu e tuka,no ako gresam ispravete me. Sakam da se zaclenam i da pocnam da pravam poracki za avon no ne mi se bas jasni tie raboti,pa kemozeli nekoja sto go raboti toa da mi pojasni?Kolku se zarabotuva,dali voopsto nesto se zarabotuva,sto kako stojat rabotite? I se izbinuvam za latinicata od tel sum,cekam vasi odgovori.
Сакам да си порачам сјајни бисери, и сега ме интересира дали кога ќе нанесеш на лицето се розеви или онака даваат свежина и сјај на лицето (не сум ги користела до сега затоа прашувам).
^bim00, сјајните бисери му даваат сјај на лицето, нема да ти се познава розево воопшто. Многу се добри, и јас си ги порачав
Може некој претставник да ми каже колку чинеше чантата Blaire во кампања 13? На 99 страна мислам дека беше. Итно ми е...
Сакам да порачам најтемно кафен кармин од Авон. Во каталог не ми се баш веродостојни боите, понекогаш доста отстапуваат. Ако некој има тестери или купил темно кафен кармин од Авон, нека пише име и шифра. Фала
ББ кремата е одлична и јас имам нормална кожа ја користам секојдневно и дава свеж изглед, да ја земеш нема да згрешиш.
ДА ви кажам дека пудрава е доста добра и квалитетна. Има убав ефект на кожата на лицето и дава убав и израмнет тен. Ја препорачувам. стигната ми е пред еден месец, а не стигнав да ви пишам.
Го пробал ли некој новиот парфем од авон luck од мариа шарапова?Немам каталог во мене па со тоа ни претсава каков е.
Јак мирис е,долготраен. Јас го немам, ама другарка го порача и многу јако мирисаше. Само што е малку скап и јас би си го порачала. Ако си љубител на јаки мириси нема да згрешиш.