Дали некој ја има користено оваа пудра и дали покрива и која би ми ја препорачале оваа или пудрата Luxe
А Авон Luxe течната свиленкава пудра, да не свети многу? Не сакам да бидам како лампион а од пудрите, освен таа што е мат друга не ми фаќа око
Зошто, ЗОШТО веќе го нема овој парфем од Авон - Treselle Seduction?! Одамна го немам видено во каталог, го има само розевиот тој од десно на сликата... Дали некој има информација во врска со парфемов, ќе го враќаат ли или толку нема веќе да го има воопшто?
^ Сум го заборавила дури многу оддамна го снема. Зачленета сум во Авон и неможам да најдам ниту мостра од тој парфем. Сепак можно е да го вратат некогаш се случувало така и со други парфеми да ги нема долго време па пак да ги има
Хммм се надевам дека ќе го вратат пошто е ПРЕУБАВ и траен! А да ми кажете збор два за сенкиве... некако многу убави и примамливи нијанси имаат па би сакала да си земам некоја понеутрална - нешто со кафени, сиви и нуд нијанси како на пример Chocolate Sensation или Stone Taupes. Колку пари се и како сте задоволни од нив, дали се пигментирани и убаво стојат на око или брзо избледуваат?
Дефинитивно порачај си ги. Јас имам две, mocha latte и true sands (ја имам повеќе од три години, сенките се исти како денот кога ми стигнаа) и можам да ти кажам дека сум презадоволна. Траат многу долго - ако легнеш со неизвадена сенка утредента ќе ти биде иста како што си ја нанела претходниот ден, не го иритираат окото, не се ронат при нанесување и многу убаво се фиксираат на капакот. Во овој каталог се 329 ден
Значи WOW како мириса ова цела соба ми мирисаше на него, има и светки, лошо е само штона раката се собираат многу. Иначе го препорачувам
Мене лично не ми се допаѓаат лосиони со светки, лом ми ги прават алиштата. Имав еден од авон го купив за вечерно излегување лосион за бронзен ефект. И кога го земав што че видам КАФЕН-во боја лосион со светки. Штои да облечев ми го обојување а белите алишта како прслуци, гаќи па и кошули ЛОМ ми ги направи. Уште еднаш такво чудо не! Дај препорачајте мидобра маскара и пудра-течна од Авон, но да едо 400ден?
Од тие ефтините не би ти препорачала. Ама луксе би ти ја препорачала. А ни маскара исто не би ти препорачала од авон.
ocicka2014, пробај ја Super Shock маскарата, нема да зажалиш. Во тековниот каталог е 249 ден ама може да се начека и за поевтино.