Кои маски/пилинг за лице се најдобри од Planet Spa?Јас имам користено пилинг од мртво море презадоволна сум.Други кои би ми ги препорачале?
Во новогодишниот каталог, односно тој што е после овој тековниов маските за лице од Планет Спа се 99 денари + украсна кеса подарок. @rainbowec ако веке нарачуваш 2 производи нарачај нешто што е поскапо во другите каталози кога не е на попуст затоа што се исплака.
Девојки ве молам ако некоја го има користено шампонов да ми каже искуства. Никако да си најдам соодветен шампон за мене, а овој доста ми го фалат.
И дали зелениот серум, односно силиконските капки за суви и оштетени врвови се 100 ден? На интернет странава така им стои мене некако не ми се верува. Преефтини се .
249 е серумот во тековниов каталог, а шампонот не е лош, ништо посебно ама тоа за мојата коса. На Авон, мислам дека шампоните на Advance Techniques се подобри од Naturals линијата, барем од муштерии до сега, повеќе ги фалат, а и јас го користам виолетовиот за волумен, добар е.
Девојки задоволни сте од бисерите за лице сакам да ги нарачам од тековниот каталог 499 ден заедно со четката ?
Јас лично не сум, ги купив и се покајав. Не личат на бисери за лице, ужасни се. Може за некои се ок, но од мене едно големо НЕ за нив.
Имате ли користено од колор тренд пудра и дали сте задоволни? Сакам да земам пудра и коректор за 300ден се во понуда
Во новиот број видов една четка за чистeње лице 800 ден беше ја има некој користено? Како оваа на сликата беше само беше во розева боја.
@Rose96 Јас во темата за депилатори имам веќе постирано слика од мојот Браун силк 7 депилатор. Со него одеше во комплет четкава. Јас лично сум задоволна и барем една неделно го минам лицето. Онака скокотливо пријатно чуство кое мене лично ми годи. Ќе му дојде како масажа. Површинската мртва кожа е отсранета а иако јас не го користам за друга намена, онлајн стои дека може и за отстранување на шминка. Потоа започнувам со постапката за дплабинско чистење на кожата и површинска нега.