Јас зачестив во темава Пудрава е на попуст и многу ефтина во последниот каталог. Дали некоја има искуство со неа ?
Јас .Погрозна пудра немам користено искрено.Можеби е до мојата кожа незнам.Но има сигурно милиони други кои се подобри.Мене ми се лупеше кожата од неа.
Исто и јас ја имам користено и не сум задоволна. Можеби е на попуст ама ќе дадеш 50-100 денари повеќе и ќе си купиш поубава. Ако веќе сакаш од авон јас ја користам мат течната пудра и сум премногу задоволна ми дава најприроден изглед .
Очајно лоша пудра, ако веќе порачуваш од Авон, Luxe или Lasting се најдобри, со малце пониска цена од нив Calming effects пудрата е солидна.
Женски се зачленав пак го сакам парфемов за 25 ден , сакам некоја да ми каже дали го има и дали е задоволна ...
Овој мислам дека е обичниот Лукс, а новиот што ќе го добиеш за 25ден. е Лукс Премиер и мене лично ептен ми се свиѓа, повеќе и од обичниот Лукс
дада на новиот мислев моја грешка ... од мобилем сум па не заприметив која слика ја ставив ... фала многу сепак за одговорот
Девојки да ми кажете нешто за кремава, зашто сакам да ја порачам, и за гелот или млекото, што е подобро за чистење шминка? и
Маскара SUPER SHOCK дефинитивно, а за пудра ако сакаш лесна порачај си ја Calming effects .. а за подлабинско покирање само Luxe
Од Калминг ќе свети како лампион. Од Маскара па јас не сум задоволна. И од мене имаш поени плус за Лукс.
И калминг пудрата и супер шокот и Лукс парфемот го имам користено и за сите 3 работи давам позитивни кометари
Јас ја порачав палетата со 8 сенки Not So Neutral, иако од досегашното искуство со сенките на Авон не сум баш воодушевена. За палетава прочитав позитивни рецензии, всушност тоа и ме предомисли да им дадам уште една шанса, а и цената им е ок 299 ден. Чекам да ми стигне наредната недела, па ќе пишам коментар.
Дали козметиката на luxe може да ја користат девојчиња од 19 години? п.с прашувам бидејќи на сликите секогаш гледам постари жени
Мислам дека се наменети за секаква кожа а користат постари модели бидејќи (претпоставувам) таргет групата им се жени кои се подобро финансиски обезбедени, имајќи во предвид дека Лукс колекцијата е скоро 2 пати поскапа од останатите Авон продукти (сенка 800ден, кармин 500, маскара 700 итн)