Јас го имам млекото за сончање од истава колекција. Тешко се размачкува и некако лепливо ми стои а мирисот е одвратен, ми мириса како плунка по телото, како некој да те излижал. А за ова незнам, ајде ако има некој што го користел нека каже.
Аууу се надевам дека кремава не мириса така,оти на лице се става,па некој кога ќе ми се доближи... Има некој искуство со кремава?
Има некој зачленет во Авон што испрати денес и вчера порачка? Ако има нека ми пише лп сакам да прашам нешто
Лаковите од oriflame за зајнување/потхранување....знам дека се супер. Но ме интересираат од Авон дали сте задоволни од истите производи, сакам да го нарачам лакот за против лупење/кршливост?
^ Не Јас лично воопшто не сум задоволна од тој за против кршење и лупење. Глупости живи,баш и другарка ми го зема после мене ни она не беше задоволна. Исто и од други слушам вакво мислење. Јас видов дека нема ефект,и си го користев за основа за лак додека го потрошам. Е сеа може кај тебе различно ќе реагира што знам.. Ама јас не би го препорачала..
Од Авон најмногу ги користам производите Advanced Techniques и сум премногу задоволна. Лани летото си купив едни очила за сонце - читај се зезнав, и одма ми се скршија. Мислиш од како пердувче беа, страв да ти е да ги држиш, а не на глава да ги ставиш. Исто купив лани и од онаа кремана за самопотемнување во кафено шишенце и се нафрлав одма по целто тело и јас и мајка ми. Ај првиот пат да не не било од тоа си викаме, коа помина пак ставаме од истото - пак нафрлана на целото тело. Го џиткосав, за џабе фрлени пари.
Како сте задоволни од кремата од камилица од Avon care линијата? Прилично големо е пакувањето 400мл е , а не е воопшто скапа.
Можиш да се зачлениш преку некоја пријателка, другарка, братучедка или можиш на нивната страна да им пратиш маил и они ти одговараaт Инаку ја ги обожавам лосионите од црешки и лубеница пред некое време ги имав двете колекции сеа имам сјајче и крем за лице
зависи од типот на кожата, јас ја земав ама на прво ставање целата се исипав од неа, потоа и ја дадов на мајками таа си ја користи без проблем, ако имаш некој близок што ја има првин пробај, потоа поручи ја