Јас го имам и путерот и кремата за лице и балзамот .. Путерот е одличен , балзамот исто така , а кремата за лице е за сува кожа, ако имаш мрсна нема да ти одговара Мене ме интересира дали некој ги користел LUXE производите од авон ? И како сте задоволни И јас го препорачувам, стварно е супер .. Модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, доколку сакате да го дополните мислењето, редактирајте.
Јас од пудрата сум задоволна. Таа свиленикастата. А од кармините имам само пробано и знам дека поубав немам пробано.
Јас ја нарачав таа пудра Лукс што е попокривната и прекрасна е. Сенките ги нарачав ама се уште не ми се стигнати иако слушнав многу пофалби и за нив. А кармините се магија. Сестра ми откако ги откри др. кармини не пробува.
Ја користам свиленкастата пудра, одлична е, ја користам светкавата камена и таа е супер, коректорот го користам одличен е, кармините се прва класа и парфемот го имам не овој Premiere Luxe, првиот, добар е Порачав и палета со сенки, ја чекам да ми стигне
^Natural glamour ti e vsusnost nijansata, ne znam zosto uporno po temive pisuvas taka nijansata e taa ne znam sto sakas da ti kazeme za nejze. Pudrata e edna so svlenkav efekt, a drugata e so dijamanski. Jas ja imam so svilenkav efekt, nekolku dena ja koristam i za sega sum zadovolna. Lesna e i kremasta, spored mene mislam deka ne bi odgovarala na mrsna koza. Izvinete za latnicava, od mobilen pisuvam.
Јас би ги потенцирала Turkish, Amazonian и Luxuriously refining, иако сите сум ги пробала, сите се добри, особено црната поради тоа што се одлепува од лицето, а не се измива само како сите други.
Јас ја имам користено втората маска, и бев задоволна, само ми го чистеше лицето и ми го затегнуваше. Друго ништо.
Уште не е сменета на страната на Авон, стариот каталог стое сеуште. Еве ти линк па проверувај кампања 17 кога ќе ја стават. http://www.avon.com.mk/brosura.htm
На овој линк проверувајте, секогаш точно е сменета http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/home_page.page
Што сум пробала од Авон: -маскари - Имам пробано повеќе видови, не се лоши, но не се нешто посебни. Последна ми е најновата (во црвено-црна амбалажа) им дава должина, но не и густина на трепките и претешко се измива, ми се правеа црни кругови околу очите. -кремови за раце - Ок се. -сенки за очи - не се многу пигментирани и не ми вредат за парите, па дури ни на попуст. -пудри за лице - не се покривни, не се ништо посебни. Најдобра ми е само Лукс, ама начекана на попуст. -шампони - многу ми ја мрсат косата, некои имаа чудна текстура, но убав мирис имаа. -лосиони за тело - Убави ми се само оние што одат во комплет (гел за туширање, лосион и спреј за тело). Спрејовите се блага вода, значи катастрофа се. -маслени спрејови - ми мирисаа на алкохол, ни М од масленото немаа. -парфеми - биле трајни (вредни за парите). -поефтините кремови за лице и општо за нега на лице - ништо посебно ! -планет спа - зависно што, но поголемиот дел ме разочарале (иако се поскапи и демек поквалитетни). -кармините - супер се !
Феминкии има ли некоја што би сакала да стартува со работа во АВОН ? За можности, бенефиции и слично ќе ви кажам, доколку има некоја заинтересирана нека ми пише лп.
Само пофални зборови за оваа палета, боите сите ми се погодени, верувам дека ниту една од нив нема да ми стои недопрена, ако претходните 3-4 сенки што ги имам земено од Авон ми стојат за "украс" во несесер (се прашувам зошто досега не отишле во канта) овие сигурно ќе бидат дел од мојата секојдневна шминка. Мат се, супер пигментирани, без досадните светки кои досега беа неизоставен дел на секоја сенка што сум ја купила од Авон. Уште еден плус од мене затоа што палетичкава е минијатурна и можам нон - стоп да си ја носам во ташна. Барем за некое време на раат сум од потрагата по "идеална" палета. И да ... цената и е супер во каталогот беше 300 ден. (ми ја наплатија 270 ден.), во тековниот каталог мислам дека е 400 и кусур ден.
Комплетот од Advance Techniques,зелениот серум,шампон и балсам,ги има некој користено? И дали сте задоволни?