Така што Фокус списанието не е видливо на интернет сајтот ако не си зачленет, исто намената на Фокусот е само за тебе како претставник, не и за клиентите. Е сега можеш само вербално да го понудиш и му покажеш на клиентот кои производи се во прашање, па да заштедиш 717 денари. Онака, ништо wow, Aero Volume што чини 200 денари помалку, е многу подобра, од сите Авон маскари, таа лично ми е нај. Модератор: Ве молиме, не испраќајте две мислења едно по друго, доколку сакате да го дополните мислењето, редактирајте.
како што разбрав јас е: ако направиш порачка од 1500 денари можеш само 1 да нарачаш ако направиш 3000 денари можеш и двата да ги напрачаш т.е различни и ако направиш 4500 можеш да нарачаш три од кои два ќе бидат исти и т.н
Имам пилинг за раце и стапала со Африкански шеа путер од Planet spa. Иако не му е тоа намената, сакам да пробам да го ставам на лице, така од време на време. Значи не за редовна употреба. Мислите ќе има негативен ефект?
@Elena69221, јас не би го ставала!!! Штом е наменет и за стапала значи е прилично агресивен и можеш да си направиш озбилна беља ако го ставиш на нежната кожа на лицето.
Како сте задоволни од ББ солушн кремата на авон со мат финиш? И дали онаа лајт нијансата е мн светла, немам ни мн светол ама ни темен тен па не знам за која нијанса да се одлучам доколку би порачала. Бидејќи од 2-3 други ББ креми кои сум ги купила сум зела медиум нијанса сум утнала и тоа како ептен ми биле темни. Еве за помош од попокривните пудри beige нијансата ми е таман. Искрено сакам да го пробам не е скап 209 ден. во тековниов каталог, ама пак ако е чиста водичка со малку пигмент не вреди да фрлам за џабе пари. Ај ве молам совет.
Еве сликава, не знам колку ќе ти помогне околу дилемата за нијансата, но ако не си бела на тен мислам дека лајт нијансата би била премногу светла.
И јас го имам истото, само за нозе го користам, никако на лице. Инаку во декември се што порачав од каталогот беше катастрофа и кремот оној во поголема тубичка, две купки шампон и уште некои работи сите одеа во пакет во една кошничка. Катастрофа полита роба не сум видела одамна. Нема шанси пак да порачам нешто.
Некој претставник на Авон нека каже како се пресметуваат набавните цени,јас знаев дека само Орифлејм имаат.
Набавните цени ги пишува на фактурата со производите, т.е од цифрите на фактурата се собираат ЦЕНА БЕЗ ДДВ НАМАЛЕНА + ДДВ ЗА ЕДИНИЦА, пред порачка не можеш да знаеш набавна на производ освен да се пресмета попустот кој претставникот го добива на целосната сума на порачката. Па да одредиш според тоа од прилика цената која ја бараш со +/- некој денар.
Цената по која ти ќе ги плаќаш производите, ако си претставник, ја пресметуваш во зависност од висината на вкупната порачка(имаш попуст од 15,20...%) и доколку порачаш производ по каталошка цена од пр. 279ден, ти по фактура ја плаќаш(со попуст од 20%) 223ден. Со тоа, заштедуваш 56 денари.
Јас ја користам оваа ББ пудра и ијас сум презадоволна покрива црвенило го изедначува тенот и ако ја порачаш нема да згешиш порачај си лајт бидејќи дава исончан тен малку потемен од твојот, не е како вода лесно се нанесува. п.с ако се решиш да ја земерш, земи ја сега бидејќи многу ретко ја намалуваат секогаш околу 300 денари а во наредниов е 408
Јас не сум ич задоволна. Ете ја ми стои во несесер полна. Нијансата ми е лајт, погодена ми е дека имам светол тен. Дека е ББ крема очекував да не ми се познава кога ми е ставена, ама ужасно лежи на моево лице. Пудра врз кремава во никој случај не ставам зашто ќе ми се познава од километар дека сум нашлапана. Не претерувам со ставање па да речеш од тоа е.. Друго, нели треба да матира? Мене уште повеќе ми светнува лицето. Сестра ми ја користи од време на време, а јас никогаш повеќе.
@eloves, прекрасен е парфемот! Заводливо мириса, трае со часови но имај во предвид дека повеќе е за вечерни излегувања