Какво мислење имате за накитот од Авон? Ми се допадна прекрасен прстен за 299 денари ама се двоумам уште. Има некој порачувано нешто од накит?
Јас имам нарачувано. Многу сум задоволна, имам некои обетки кои ги носам редовно веќе со години, а ниту потемниле ниту им се појавила некаква фалинка. Ист случај е и со ланчињата кои сум ги нарачувала. Можеби мене така ми се погодило, ама навистина сум задоволна.
И јас планирам да ја земам маскава за коса, со тоа што ја имам маската за лице која ми е преубава и преубаво мириса
Кремава во тековниов каталог е 380 и е многу пристапна цена не сум користела од ANW креми дали некој ја користел оваа крема? да ме фрлам џабе пари. пишува дека е за секоја возраст
Девојки, една препорака. Веќе трет пат, користам заедно Planet spa маска за коса со шеа путер и третманот со мароканско арганово масло и ефектот е сериозно приметлив и одличен. Косава како од реклама ми е Инаку, нормална коса имам. Ако некоја се мисли за што да се одлучи, ете мал веќе испробан, совет
И јас сум задоволна, ланчињата се ептен океј, не ми потемнело ниту оштетило ниедно до сега, исто и прстените со сребрена боја. Имав клиентка која еднаш се пожали од обетки со златна боја. Сега колку има разлика од едното до другото, не знам, златни не сум користела никогаш.
Јас ја користам долготрајната пудра..таа со црвено капаче - ПРЕЗАДОВОЛНА СУМ имам секаква користено ама како таа што ми стои убаво никоја до сега Не би ја заменила со никоја друга
@magic.girl јас ја имам таа кремата Anew Nutri Advance и можам да ти кажам дека дефинитивно не е за ладново време. Иако пишува дека ја хидратира кожата, мене сепак на челото ми се појавија лишаи, како и секоја зима, кога е многу ладно и секако кога ќе си утнам крема. Сметам дека оваа крема е идеална за пролет/лето, нежна е и и дава на кожата некој природен сјај, но не ја штити од температури како што имаме оваа зима. Јас сакам да прашам дали некој тука ја користи LUXE пудрата и како си избравте соодветна нијанса?
@Lepaaa јас ја коритам пудрата покривна е, за сува и нормална кожа е а нијансата најдобро можеш да ја одредиш со мостри фала што пиша за кремата нема да ја земам.
Јас користам Luxe, си одбрав со мостри. Задоволна сум ептен од пудрата, за нормална кожа е, па и за сува, скроз покривна е.
И јас ја користам, пишав во омилени продукти. Мислам дека имаше нормална/комбинарана кожа, така да ќе ти одговара мојата е нормална/сува и супер ми е . Инаку има два вида на Лукс, jaс ја имам silken другата е со ситни светки во нејзе кои никако не ми се допаѓаат. На мојот светол тен одговара Porcelain, а и Natural Glamour е доста светла така да избегнувај ги овие две не се за твојот тен од другите нијанси порачај си тестерчиња без да ја пробаш не ти препорачувам да ја земеш.
Непристрасно, не дека работам со Авон, за мене навистина е поквалитетен, а и на 75% од производите Авон е поголем количински па и поевтин за многу од истите производи, единствено од Орифлејм што навистина ми се свиѓа е Џордани линијата на производи. А и самата козметика на Орифлејм мислам дека е за повозрасни (на страна гелови за туширање и сл.), во Авон има избор од за девојчиња од 10 години, до за жени од +50 години, што мислам дека е подобро.