Заборавив во предходниот пост да прашам. Јас порачав оваа маска за лице за 39 денари како подарок за мајка ми. (искрено цената ме привлече) Ја користел некој? Убава е?
Додека раб со авон (пред 4 год тоа) најголемата порачка ми беше околу 6000 ден а не бев баш мн активна.А како ја направив?Си правев мини презентации на колешките,другарките,познснички.Давав по некој попуст,гратис така ги привлекував Мн е битно да создадеш круг на потрошувачи.Па преку нив да стекнеш нови и да се шириш понатака.
Најголемата ми беше овој месец 5200 денари. Е сега зависи сум имала месеци кога сум имала 2500, па над 3500 еднаш знам имав 4100. Важно е да се потрудиш, овој месец имав порачки за 2 ташни, еден саат, сериумите за коса беа доста ефтини па за нив имав многу порачки и така. Секогаш кога ќе го дадам каталогот седнувам заедно со тој кому сум му го дала и му ги понудувам најефтините работи или ако каже конкретно што му треба.
Моливчињата на извлекување (првто од сликата), ми се најомиленото нешто од Авон без кое не би можела. Ги имам сите и мене ми се прекрасни. Не би можела да издвојам кое ми е омилено, навистина им се премногу пигментирани, не се пресликуваат на капаците и нема потреба да поминуваш по неколку пати за да остават интензивна боја. Единствено не ги препорачувам за користење на внатрешниот дел од окото, барем мене ми сметаат. Си ги користам како лајнери и на долната и на горната страна на окото. Другите ги немам користено.
И јас го имам користено првото, доста е пигментирано и меко мене ми се допаѓа. Исто како и Мишела, и јас го користам како ајлајнер поготово на надворешната страна на долните капаци ми се допаѓа како стои. Моето е Smokey Diamond
Јас работам заедно со другарка, па најголема порачка ни беше 11000 и нешто. На школски, другарки, професорки, мајките по работа што носат и се собира.
14.880 ми била најголемата, голема улога игра и каталогот и кој месец сме, на пример во трите последни каталози со тој новогодишниот, секогаш правам над 9000, побогати се, имаат сетови за фини цени. Инаку најголемата ја направив така што земав 30 каталози и нема каде не дадов, кај сестра ми по другарки, кај мајка ми колешки, мои исто, комшики, на местото каде се шишам и одам на депилација Сите четири ги користам, да не се повторувам, со се што напишаа девојките над мене се сложувам, немам од кое да се пожалам Модератор: Ве молиме, не испраќајте две мислења едно по друго, доколку сакате да го дополните мислењето, редактирајте.
го користам гелот за имнтимна него и одличен е ја неутрализира миризбата и до сега никакви иритации од него не сум имала