Сакав да ве прашам колкава треба да биде минималната сума на една порачка? И дали ако направам така мининална или под минимална ке ми ја достават и дали се плаќе нешто плус?
Можеш колку сакаш да пуштиш, но за суми под 1499 доплаќаш 100 денари за обработка. Над 1499 не доплаќаш ништо. А за доставување, сите ти ги доставуваат нема врска колкава е.
Фала на одговорот. Уште ова може да ми одговориш се разбира доколку знаеш. Каде се наоѓа пунктот за подигање на порачките во Скопје, пошо постоело и таква можност да не ти ги носат до адреса туку си одиш во пукнтот и си ги подигаш?
50 денари се плаќа до дома да ти ги донесат што според мене е подобра опција отколку да се шеташ со тешка кутија во рацете наоколу. А пунктови има зависи во која зона си ( која населба во Скопје).
Можеш колку сакаш да пуштиш, но за суми под 1499 доплаќаш 100 денари за обработка. Над 1499 не доплаќаш ништо. Имаш неколку низ Скопје, едниот е кај Беко полициската станица, во тоа тунелчето поминуваш право и до самиот кафич е, GLS пишува на објектот. Ќе се сложам со девојката над мене дека самата порачка ќе ти го покрие трошокот од 50 денари за достава до дома него да се малтретираш сама освен ако не живееш ептен блиску до пунктовите, некои кутии некогаш се претешки. А за другите каде се наоѓаат не знам, јави се на координаторот твој, нека ти каже
Феминки итно ми е! Дали некој од вас знае или може да види колку пари е Little black dress 50 ml во следната кампања? Ве молам ако знае некоја нека пише тука или ЛП
Го има во комплет со рол-он, крем за тело, мини спреј и украсна кеса за 699 денари, со порачување на производи од брошурата во вредност од 600 денари.
Девојки незнам дали сум на вистинско место ај ве молам некој да ми помогне сакам да станам член во авон ама за поцеток не сакам да работам туку само да си нарачувам производи за мене лично што можеби ќе смени понатаму. Како оди тоа може ли некој да ми објасни.
http://prntscr.com/5z2lio дали овој несесер треба да се порача или ти стигнува автоматски во пакетот?
како сте задоволни од овој крем за лице,гледам на попуст е во тековниот каталог па планирам да си ја купам?
Едно прашање до сите претставници ако можат да ми одговорат. Во каталозите на Авон многу често кај парфемите, ташните или некој таков производ имам забележано пример пишува цена 799 а редовната цена не е прешкртната. Што значи тоа? Или некогаш пишува со порачување на било кој производ од брошурата. Од каде тие знаат дали некој порачал нешто друго или не? Мојата маќеа работеше едно време и се откажа и ја наплатиле една ташна по редовна цена и таа мораше од неа пари да доплаќа. Сакам да се зачленам сега јас. Може некој да ми објасни?
Оваа Turkish ја имам и мириса прекрасно,но мислам дека поради прејакиот мирис и самите супстанци внатре по секое ставање ми излегуваат по1-2 поткожни бубулици.Сигурна сум дека е од неа,бидејќи по секое нејзино користење ми излегуваа,а и мајка ми стави од неа и нејзе и излегоа.Инаку сега ја користам Онаа со минералите од мртвото море и ти ја препорачувам за мрсно лице.Одлична е
Редовната цена не е прешкртана затоа што производот ти е со услов, ако не го исполниш условот, ќе ти биде фактурирана по редовна цена. А како знаат? Така што некои производи се со суми на пр. со порачка од 650 денари тој производ го добиваш за толку и толку, нормално во сумата ти ги рачунаат тие 650. А други пак се врзани со порачка на производ од таа до таа страна и ако немаш таков порачано ти наплаќаат по редовна цена нормално. Исто и за со порачка на било кој производ, мора во пар да бидат, на пр ако маска за лице е со порачка на било кој др производ, и ти сакаш 8 маски да порачаш, мораш уште 8 било кои други производи да имаш порачано за да ги врзеш. @la.diva Ако мислиш на закосената, вреди, мене одлична ми е.
Девојки, од овој каталог си го порачав карминот што се наоѓа на првите страни. Е сега, го порачав овој Honey Flower, во првиот ред што е. Ама ви објаснав. Сепак, би ви се заблагодарила ако некој сподели искуство за карминот.