Од оваа брошура го нарачав Summerr white искрено во каталогот мнооогу убаво мирисаше,летен освежувачки. Се надевам дека нема да е утнат,зошто до сега од Авон не било утка со парфемите. А за разлика од Oriflame, во каталог едно мириса а друго стига.
^Немај гајле Сноу го имам користено порано овој многу, за мене е еден од најлесните парфеми на авон. Стварно мириса како на тестерот и е стварно му одговара името, најлетен паргфем од сите. Не си згрешила Jaс сум најпријатно изнанадена од сенките на авон, нјамного од оние 4 во 1 што се. Не се бришаат, траат со саати и лесно се нанесуваат, сенчаат. Имам 3, во план ми се да си земам барем уште 3 Спојлер
Си ги порачав сината водоотпорна маскара од „super shock max“ и отстранувачот на шминка и специјално за водоотпорни маскари „extra lasting“ и презадоволна сум !
Овој кармин на сликата подолу си го користам веќе подолго време и најубав ми е, значи никогаш не сум си погодила толку кармин колку овој и знам дека последен пат кога го видов во каталог на авон си порачав два, иако беа 400 денари, плашејќи се да не го тргнат. И тоа се случи. Дали знаете дали уште го произведуваат? Очајно го сакам карминов. Ќе го има ли некогаш пак во каталог?
А да ве прашам нешто. Го порачав оној серумот за зацврстување на вратот и деколтето од ПЛанет спа со маслиново масло. Од која возраст би требало да се користи ? јас имам само 17, па се мисслев дали на мајка ми да и го дадам или и јас да го користам
Многу користам производи од АВОН и најмногу сум задоволна од овошните лосиони и кремови за тело , посебно тој од ванила што е ...маскарите се добри , и лаковите за нокти , производите за стапала исто така , од шампоните не сум многу задоволна ....
Се согласувам со мислењето на девојката претходно, но морам да додадам дека и сјачињата за усни им се прекрасни поготово тој со ефект на пецкање го обожавам.
користам производи на АВОН .. ги меркам сега сјајчињата со ефект на пецкање , ми изгледаат супер aко можете да ми кажете дали се убави .. дали навистина ги испакнуваат усните и како им се движи цената ?? благодарам однапред
Сјајчињата се преубави, ги користам по долго време, ги испакнуваат до одредена граница, сега се намалени 179 мислам дека беа, онака се движат од 229 - 259. Кога го ставаш на уста чувството е прекрасно, свежина чувствуваш и самоувереност,имаат мирис на ментол.. порачај нема да зажалиш, според мене.
http://www.avon.mk/brosura.htm ја разгледував брошурата и сега моментално се 360 денари . Ќе ги чекам кога ќе се на попуст и ќе си земам ти благодарам Alone-Girl
Ја обожавам,има убав мирис кожата ја прави мека и може да се користи и за лице,раце и тело.Од кога искочи редовно си ја порачувам. :up:
Го разгледував новиот каталог и сакам да го порачам новото масло за коса - мароканско арганово масло кое не се плакни. Го имаше и во претходниот каталог, па ако некој го има пишете како сте задоволни. Исто така сакам да прашам и за маската за лице со шеа путер од planet spa, за каков тип на кожа е?
Маскарава е преубава ги издолзува трепкте и е бас ефтина, ја нацекав на попуст за 129 ден. Сјај за усни, ги имам првото и третото, преубави Дијамантските моливциња се преубави. Четката на расклопување е практицна за во цанта. Спрејот за тело од калинка и манго,исто и лосионот, преубаво мирисаат. Потоа крем за лица од зелен цај и краставица е добар за мојава комбинирана коза, имам исто и лосиони за тело и креми за раце и сите се нај нај, последно си го нарацав лакот против лупење и крсливост на ноктите и ке видиме каков ке е, имам и многу други работи од авон и само пофални зборови.
Meне најубави ми се геловите за туширање Ги имам пробано скоро сите нонајубав ми е овој розовиов Garden of eden Што знам ,некој луксузен мирис ми има , а и не е многу скап. Сега вкви ќе ми требаат повеќе за во Скопје . Треба да си прикупам од следнава брошура Исто така морам и коректоров да го пофалам . Претходно користев на максфактор коректор ама тие во последно време ми се многу мрсни , а овој е баш толку сув колку што ми е потребо . И нијансата ми се погоди .
Avon не земам често работи од кај нив само сјајчињата на пецкање интересни ми се и спрејот за тело од натуралс со се лосионот и гелот за туширање од вишна како мириса хух
Маслото е перфектно,многу убаво мириса, косата ја прави многу нежна и сјајна, и ја ,,скротува,,. Нарачај го,нема да зажалиш.Јас го земев и ептееееен ми се свиѓа. А маската од шеа путер е за сува кожа.
Многу производи од Авон користам, омилени ми се кремот за лице од праска naturals , маска од планет спа од саке, лосионите за тело од колекцијата Care - многу исплатливи, маскарата супершок, сега има нова Драма, и таа ќе ја пробам. Во секој случај задоволна сум од производите.