Да, од сивите маици една и големата пилатес топка за мене, другарка го порача градникот за вежбање затоа што два пати до сега ги пуштаат тие градници и ние двете два пати ги купуваме, ептен се убави и квалитетни, како замена за обичен градник за по дома или за вежбање ептен се супер, не стега, се прилепува за кожа и стабилен е. И од перење не му е ништо. @delevingne Ако пишува дека е подарок со порачка на тој и тој производ, автоматски се добива, нема шифра за истите. А и стално со ситни букви пишува дали се добиваат автоматски подароците или треба сама да ги порачаш.
Девојки, да не има случајно некоја од Вас, заинтересирана за женскиот парфем Luxe Premiere Blush? Имам еден за продажба, по каталошката цена 990 денари, но со подарок несесер за шминки (Anew црвениот) или Planet Spa маска за лице (Amazonian), по ваш избор подарокот.
Јас да ги прашам тие што се сега зачленети дали е сменет условот за парфемот од 25 денари. Мене прва кампања ми беше 02 и требаше во таа кампања да го земам парфемот за 25 денари, а во 03 да го земам сетот Luxe, но викаат дека е сменето сега, во 03 ќе го земам парфемот, а во 04 сетот лукс? Може некој да ми пообјасни подобро?
Auu veke koga citam za crveniot neseser sakas da go prodades zosto patentoto mu e rasipan pa da se spasis haha .. na sala ovaa bidejki mene mi stigne neseser so rasipan patent im blagodaram mnogu na avon
@Winter Lady Несесерот не е ни отворен од паковката Инаку, може да си го смениш тој што ти е со расипан патент, кажи му на претставникот/координаторот. Ако си клиент, претставникот ќе ти среди работа, ако си претставник координаторот барај си го или оди во канцеларија каде е твојата зона и пополнуваш формулар за основана рекламација и ќе ти го сменат. Само изреагирај одма, затоа што ако реагирањето е подоцна нема да го примат затоа што така има опција и за дека ти си го расипала од после
Ако некој е заинтересиран да стане представник и да го добие парфемов за 25 денари нека ми пише во ЛП
Jas ja imam svetlata nijansa ubava e ja drzi pudrata na mesto ne i dava na pudrata da sveti mi se dopaga ama samo koga e namalena inaku ne vredi za tie parii
Дали некој ги има земено пижамите од мини брошурата, не е битно кој модел, ме интересира каков е материјалот, дали се собира, дали се квалитетни и какви се големините , дали се исти како пижамите што ги имате дома?
Не знам колку ќе ти бидам од помош но јас имам пижами од претходна мини-брошура, оние тегет со шарени срциња на нив. Тие се зимски и дебели, големината ми беше таман по онаа таблицата во мини-брошурата одредив димензии. И до сега не се собрани, квалитетот е океј, како и секоја друга пижама. Е сега овие што се, не се баш дебели и зимски како моите, барем така изгледаат на сликава.
Истите и ја ги имам Плус лани купив исцели пижами од тенок памук.Срека што нарачав С ,дојдоа бааги широки .
Ima ama samo samponi i sprej za kosata gluposti nema nisto ubavo kako minatiot pat inaku da ve prasam za ovie 2 raboti sprava za vezbanje za stomakot so trkalo dali ova e navistina efikasno i dali se slabee od nego i kako se koristi i ovoj podfustan za oblikuvanje na telo pisuva deka gi slabee butovite i zadnikot
@Winter Lady Ефикасна е справата, особено за стомак. Јас веќе ја имам истата ама не од Авон. Се користи на два начина: 1.Нозете ги ставаш во педалите, клекнуваш на колена и со рацете на рачките на тркалото, тркалаш т.е "возиш" нанапред, што значи вежбаш нозе, стомак, грб и раце. 2.Го откачуваш делот за нозете од справата и остануваат само рачките на тркалото и можеш било како од овие три опции. Онаа со нозете на тркалото е најефикасна, да знаеш А подфустанот само затега, не може ти да лежиш тоа да те слабее
@Winter Lady Искрено не знам за тоа да ти го опишам како производ, ама не верувам дека би имал таква функција, освен што можеби би потел ама па од друга страна не знам колку е паметно подфустан да поти. Нема проблем