@Winter Lady го порачуваше преку некој или ти си претставник (не прочитав претходно)? При пуштање на самата порачка, доколку производот го даде со сива боја, значи дека нема да стигне, а доколку е со некоја друга (освен зелена), можеби ќе стигне, можеби и не. Исто така наведено е на самата фактура доколку поризводот моментално го немало на залиха и дека ќе биде доставен при следна порачка.
мислам дека со оваа кампања дали ќе направам и 1500 ден порачка ... а планирав да си земав 2 парфема Purblanca,еден лак за нокти,млеко за отстранување шминка,четка за сенка,шампон балсам и спреј за коса што се во фокус 199 ден,сенки тие 4 што се...ама изгледа ништо нема да можам
Здраво, доколку некој сака да соработуваме да се зачлени кај мене , ке има многу можности за подароци и попуст секој месец , па размислете ,http://www.avoncosmetics.com.mk/REPSuite/static/campaign/C04/NRDP_C04.pdf подарок за добредојде Земи го ексклузивниот Парфем Beautiful Butterfly новитет од брошура 05/2015! Стани Претставник на AVON во периодот од К04-К05, направи порачка со минимален износ од 2500 ден. во твојата прва кампања како Претставник и во втората ќе можеш да го порачаш парфемот за само 25 ден! Со моја помош ке добиете многу подароци заинтересирани пишете ми во инбокс
Zdravo, moze da se zaclenis kaj mene odlicno ke sorabotuvame , da treba 1500 den , no sekako koga nema da mozes nekogas da napravis tolku jas ke ti pomagam sekako ako si zainteresirana za sorabotka pisi mi vo inboks, sega imas parfem za dobredojde za 25 den pisi mi ako si zainteresirana ke porazgovarame podetalno
Епа токму заради ова прашував затоа што незнам колку е во авон,а во орифлејм без разлика на тоа колку порачка имаш секогаш има попуст 23%,секој производ го земав со 23%попуст.А за во Авон незнаев затоа и прашав..И морам да се префрлам заради муштериите,повеќето се за Авон.Се зависи од муштериите,а јас повеќе ги сакам производите на орифлејм,стварно се супер како Giordani,The One,Very me Овие фирми се доста познати и со доста искуства, кои дури ги користат и рекламираат јутуберките на јутуб..А доколку во Авон се некои непознати,чудни незнам немам ни порачувано(едино парфемите и накитот ми це допаша во Авон)...Па незнам ќе размислам..Фалааа ти Winter Lady
Па имав порачано накит и не ми стигна,потоа имав порачка од 10 маскари од Very me,кој стаса од маскарата си порача, бидејќи беше снижена на попуст за само 150 ден. и ниту една од нив не стигна(ллеелее после тоа тешко мене беше си ја бараа маскарата а јас им кажувам дека заради маскарата целата порачка ми пропадна).А во врска со производот кој ми го додадоа,незнам дали јас не сум појаснила добро или пак ти не си ме разбрала незнам..добро еве пак ќе напоменам дека достава до дома е 100 ден. а јас си ја зедов порачката дирекно од таде за да не плаќам достава, така ми испадна можност да си ја земам од таде..и сега си ја носам дома и гледам внатре пилинг за лице (кој никој не го порача,ниту пак јас) а тоа да ти било доколку си ја земеш од таму порачката, како надоместок на тоа ти додаваат производ.А во авон за тоа незнам како е.И да, ако е помалку процент на заработка во Авон ако имам муштерии вреди да се зачленам,би имала заработка (бидејќи тие се тие кои ми велат да се префрлам во Avon)се зависи до муштериите.А во орифлејм поубаво ми беше секој производ си го земав со 23% попуст без разлика дали порачката ми е 500 или 1500, а во Авон пак тоа не ми се свиѓа што јас ништо нема да можам да си порачам на попуст, доколку немам порачка над 1500 И незнам што да правам сега..Сепак Фала ти
@LadyInTheDark Аха, јасно. Колку што знам нема такво нешто надоместок производ доколку сама си ја подигнеш од Авон пункт. Инаку имаш опција и еден квартал 30% на сите порачки да имаш, мислам дека условот за тоа беше кумулативен износ од претходен квартал ама не знам точна сума сега да ти дефинирам. А да, попуст имаш само над 1499 денари
Нема врска тоа,дека ако ги подигнеш нарачките од сервисниот центар добиваш надомест. Доколку твојата нарачка во еден каталошки период е под 100БП,тогаш или плаќаш надомест за обработка(80ден.) или доколку не сакаш ја пишуваш шифрата од џокер производот кој чини 99ден. Значи без разлика дали нарачките пристигнуваат дома,Орифлеим тим или главниот центар,ако имаш под 100БП тогаш или мораш да платиш надомест или да ја пишеш шифрата од џокер производот. Џокер производот е познат веднаш по стартот на новиот каталог.При секој каталошки период ,џокер производот се менува,од крема за раце,пилинг за лице,Tender Care балсамите и итн. Во овој каталошки период ,џокер производ е рол-он.
Нема за подочњаци. Има крема за под очите, али не ги намалува подочњаците. Најдобро земи си коректор, јас така правам
Една колешка на работа има сува кожа и и се познаваат капиларите на цело лице, користи крема од Еуцерин. Незнам дали е иста работата како кај тебе. Ама јас се занимавам со Авон веќе 5 години, и таква крема немало никогаш. Нешто да си побараш во маркетиве, ДМ можда имаат.
Девојки во четврток ќе правам порачка од авон и пошто видов на страницата нивна дека пунктот 1000 Скопје им се префрлил кај Рамстор си викам коа веќе ми е во комшии што ќе плаќам да ми го носат до дома, абе на 3 мин од дома ми е сега...е прашањето ми е кога си правам порачка ќе внесам дека сакам да ја подигнам од пункт 1000 Скопје и некоја од вас да ми објасни кога би била порачката таму и процедурата одколку подигањето? Би ви била многу благодарна.
@Fatalnata Мораш да се јавиш кај координаторот твој, да поднесе карта за промена на место за достава, па од кога ќе поднесе, ќе можеш да си ги подигаш порачките на пункт. Инаку, деновите ти остануваат исти, оној ден кога ти носеле до дома, сега тој ден ќе ти биде на пункт. Мислам дека само лична карта треба да покажеш при подигање, а ако некој друг ја подига во твое име, мора полномошно, исто од кај координаторот треба да го побараш.
@delevingne Зошто нема да мозеш ако во претходното си имала порачки од 1800 или 1900 денари ке мозеш да си земеш 2 парфеми инаку девојки кој е најубав од 4 -те парфеми од Pur Blanca јас обичниот сум го имала белиот ама сега сакам друг да пробам
ќе можам,да,ама ако направам поголема порачка на пример до 6000 илјади,за место пари да си земам ќе си земам производи,а ако не направам ќе треба да си давам пари од џепче
@delevingne Ааа па ти сакаш ем коњ ем магаре хх па ако се потрудиш да направиш повеќе порачки на пр. 6000 значи 6000 х 20 поделено на 100 =1200 најмногу да ти останат за тебе ..
Ако ја пушташ порачката преку интернет, кога ти се појавува семафорот-кој производ е достапен, кој не, подоле имаш графа информации за испораката, има едно кликнете тука за привремена промена на испораката, одиш на тоа, се отовра нов прозорец и најдолу имаш изберете пункт на испорака, ќе го наведеш тој пункт, одиш на избери адреса и крај. Кога ќе одиш да си ја подигнеш порачката носиш само ЛК (доколку си зачленета лично ти), или доколку е некој друг (мајка, татко...) треба да носиш полномошно. Се надевам дека бев јасна.
За да ја подигнеш од пункт 1000, кога ќе ја правиш порачката треба место домашната адреса за испорака да ја избереш адресата на пунктот и да ја сочуваш промената. Истото ќе треба да го повторуваш за секоја порачка. Немораш да поднесуваш барање за промена на адреса до канцеларија. Јас 5 години вака функционирам. Ја земаш порачката лично, само со лична карта, се потпишуваш у список, ќе те упатат таму дечките се мн љубезни. Нема да имаш некој проблем. А за полномошното, го имаш на твојот профил на Авон и можеш да го испринташ и пополниш. Јас бидејќи сум координатор често сама ги земам порачките кога ќе ме замоли некој претставник Немам проблем со подигањето никаков.