1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Автобиографски роман

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од vinozito1, 15 ноември 2014.

  1. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Значи ако има тема се знае.Но ако нема, идејата за автобиографски роман одамна тлее во мене.
    Па со оглед дека сепак сум пак во морето невработени размислувам да почнам да го пишувам.
    Па колку ме биде толку.Нема да знам, ако не се обидам.Ако не друго, да им остане на идните поколенија.
    Би го нарекла Современите робовладетели .
     
    Последна измена од модератор: 15 ноември 2014
    На SV1911, tessie и Serafima им се допаѓа ова.
  2. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    vinozito1 идејата да напишеш роман ти е прекрасна! И јас самата честопати паѓам во искушение да го направам истото!!! Како што велиш и самата, ако не се обидеш нема да знаеш дали те бива!!!
    Но. незнам дали ќе имаш доволно идеи за интересни заплети, затоа што сепак се работи за автобиогравски роман, а според насловот - Современите робовладетели, претпоставувам дека сакаш да пишуваш за сопствените искуства при барањето работа!!! Но, во секој случај ти посакувам успех во пишувањето и секако одвреме навреме информирај не како ти иде!!!:)
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.588
    Мој став е дека за автобиографски роман треба да имаш големо животно искуство. И тоа интересно. На 20 години не верувам дека има такво нешто. Ама секако подобро е автобиографија откаолку биографија за истиот живот. Пробај, може ке излезе нешто добро.
     
    На vinozito1 и kolovoz им се допаѓа ова.
  4. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Да ,имам доста големо животно искуство.Се работи за семејство кое прави се да се вклопи во опшеството , но се соочува со голем број на проблеми.Како некој постојано да манипулира со нив и да ги спречува да одат напред.Повеќе од јасно ми е дека тоа е така.
    Се почнува кога vinozito 1 се породува една струдена предновогодишна ноќ и кажуваат дека го изгубила бебето.Како времето минува таа се повеќе се сомнева дека е продадено.Од големи нервози го губи слухот.
    Па се соочува со сиромаштијата, невработеноста.
    Станува мајка но сомнежот секој ден ја копка.
    Дали ќе дознаее, која е вистината или никогаш нема да ја дознае е енигма.
    Но живот, којзнае што ни носи наредниот ден?

    Тоа е накратко приказната.Но ако не успеам јас, ќе се обидам да најдам некој.
    Не за друго,туку да го опишам времето кое живееме.
    Време на невидливо ропство.Кога се се случува зад затворени врати.
    Време кога човекот , го скаменува блесокот на парите.Става се пред нив.
    Додека во робовладетелството се барале здрави робови да работат по фармите,
    сега лицата со посебни потреби се продавани тајно, работат практично во затвори за кои ретко кој знае.

    Еден ден таа ја побарува својата слобода.Тоа го прави храбро.Ризикува доста,бидејќи сепак се соочува со доста моќен работодавач, кој го поседува речиси целиот град во кој таа живее со своето семејство.Решена е да оди до крај и да каже дека е доста.

    Тоа е накратко приказната.
    Граматиката ми е слаба страна , но мислам да го напишам и после дадам на обработка кај некој писател.
     
    Последна измена: 16 ноември 2014
    На eliesaab, SV1911, lunicka и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Имаш поддршка од мене, добредојдена си за било каква помош, а доколку е во моја моќ и знаење ќе помогнам.
    Но кога пишуваш за конкретни работи, имињата на луѓето и фирмите измислувај ги, за да не се најдеш во непријатни ситуации ако би го издала романот, препрочитај си ги тие поделикатни ситуации за да не направиш тесна врска со реалноста. Внеси повеќе емоции за да допреш до идните читатели и немој да изнесуваш содржини ако си сериозна во намерата.

    Со среќа.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Благодарам Абеја.Содржината ја изнесов да видам дали ви се допаѓа идејата.
    Мислам и да се обиде некој ,не би му одело од рака ,зошто како што кажа суштината се емоциите а тие се на сигурно место.
    А за измислените имиња се знае.
     
  7. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Подршка и од мене!(y) Пишувај и еден потпишан примерок за мене.
    Не мора да имаш 100 години па да пишуваш автобиографска книга. Понекогаш и за 20 години може да имаш материјал како за 100 години.
     
    На cinderella.red и vinozito1 им се допаѓа ова.
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Виножито, пробај, зошто да не, никогаш не се знае, можеби ќе успееш во намерата :)
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Виножито, одамна те читам и отсекогаш си ми делувала како една добродушна и мудра жена.
    Се сеќавам кога почна да пишуваш на форумот- имаше многу правописни грешки, но тие сепак не влијаеа врз тоа да престанам да ги читам твоите постови.
    Зошто?
    Затоа што постовите биле напишани на едноставен стил, но секогаш имале душа, некоја искрена емоција, па макар се зборувало за твоето искуство додека патуваш до некаде.
    Можам да кажам дека твоето пишување го доживувам како нашата традиционална храна - навидум едноставна, обична, а всушност полна со вкусови кои се паметат.

    Кај тебе тоа се твоите емоции, твојата искреност што некогаш е на рамниште на простодушност.
    Тоа е таа одлика на традиционалната македонска жена, жена напатена, измачена, но секогаш со поглед вперен кон иднината, со поглед полн со надеж за подобро утре.
    Можеби и името Виножито под кое си избрала да пишуваш овде не е случајно, можеби доаѓа од неизгасената надеж за сонце после дождот.
    Надеж која кај тебе е уште посилна, која освен со сонце после бура е засилена со желба за еден таков прекрасен украс на небото, украс кој има едно преубаво, архаично име - Божилак.

    И можеби немаше никогаш да ти ги кажам овие мои зборови, да не ја прочитав оваа тема.
    Настанот со загубата на твоето чедо ме трогна. Имав читано дека имаш проблеми со слухот, ама никогаш немаше да претпоставам што го предизвикало тој проблем. Жалам за вашата семејна загуба. Најискрено жалам, и извини доколку моето прашање е непријатно и некултурно, меѓутоа морам да го поставам...
    Зарем само туку така ти кажуваат дека си го изгубила бебето, зарем не го предаваат на семејството достојно да го испрати, зарем си одиш така простум, без него?

    Пак ќе кажам, твојот пост ме трогна, а тоа значи дека знаеш како да ги пренесеш твоите емоции на читателите.
    Затоа мое мислење е дека треба да ја напишеш книгата за твојот живот, можеби не мора да биде напишана како автобиографија, можеби може да биде како роман, но дефинитивно треба да го напишеш.

    Којзнае, можеби кога еднаш ќе ги извадиш сите тие чувства од тебе и ќе ги пренесеш на хартија, болката и тежината која што ја носиш ќе биде помала.
    Можеби тогаш конечно ќе се појават сите бои на виножитото, а ти ќе го најдеш твојот мир.

    Од мене имаш огромна поддршка.
    Среќно.
     
    На glosipgirl, SV1911, ozbilnazena и 8 други им се допаѓа ова.
  10. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Ја имаш и мојата поддршка! Со задоволство би го купила и прочитала романот! =)
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Сесилија не знаев дека некој така ме доживува.Штом тебе ти се допаѓа мојот стил на пишување а имаш доста богат речник и се гледа дека си начитана , мислам дека вреди да се обидам.Идејата за роман почна повеќе да ми се допаѓа. затоа што Абеја е во право сепак за автобиографија е потребно повеќе познавања од книжевната област.
    За прашањето не ти се лутам , а одговорот е да само така како ништо да не било.
    Да се приберам малку,да ја сменам тастатурата , и здравје ќе го почнам како роман дефинитивно.
     
    Последна измена: 17 ноември 2014
    На SV1911 и sesilija им се допаѓа ова.
  12. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    Виножитка поддршка и од мене...
    Пишувај додека имаш инспирација и време... еден ден да не се каеш што не си го напишала и остварила сето тоа кое сега желно го посакуваш.
    Оствари си ја желбата!
    Навивам за тебе....(y):hug:
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    @vinozito1 Ти си единствената личност која ја следам на форумот чии мислења со своја едноставност и индивидуалност ми оставиле позитивен впечаток.За пишување треба талент, креативност и материјал (текст).Но, во суштината на сите елементи е емотивниот набој на содржината.Верувам дека добро ќе го осмислиш текот на сторијата и ќе умееш да создадеш дело кое ќе го читаат идните поколенија.
    Жал ми е за твоето сурово животно искуство, но големината на една личност се цени по нејзината душа, а во твојот случај, читајќи те, сигурна сум дека си искрена, борбена и пред се мудра жена.
    Од мене имаш голема поддршка и подготвеност за помош од книжевно-граматички аспект.

    Со среќа :)
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.685
    Допаѓања:
    97.992
    Пол:
    Женски
    @vinozito1 прекрасна идеја.Тажно е што имаш да споделиш такво болно искуство.Но тоа е човечката судбина.Со задоволство би купила книга потпишана од тебе.Штом почнала таква идеја да те копка,пробај,почни.А после ќе се нижат страниците.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    @vinozito1 И јас се приклучувам во клубот за поддршка. Идејата ти е повеќе од убава и конструктивна. Камо сите, наместо да кукаа и оговараа, го преточеа своето искуство на ваков цивилизиран и уметнички начин. :bow:

    Jaс никогаш не би можела вакво нешто, претешко ми е кога треба да зборувам за себеси и своите доблести/маани. Секогаш мислам дека нема да ги доловам правилно.

    Насловот е оригинален. :l:
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    @vinozito1 имаш огромна поддршка и од мене.
    Како член на форумов, многу те почитувам. Не сум ги прочитала сите твои мислења, ама кога ќе видам некое од нив, не го пропуштам. Те доживувам како добродушна и паметна жена.

    Што се однесува до романот, воопшто не се грижи за стилот на пишување. Мене лично, едноставното ми е поубаво, а кога имаш добра содржина и на едноставен начин може убаво да се пренесе.

    Инаку, навистина ме трогна приказната. Во моите очи сега имаш многу поголема вредност. Можеби, со ова дело ќе се ослободиш од сите камења кои ти тежат. Вреди да се проба.
    Имаш убава замисла, која може да се оствари, затоа не се откажувај.

    Ти посакувам многу среќа! :hug:
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Исто така и од мене имаш огромна поддршка!
    Навистина ме трогна приказната.. Не знам што е потрагично, тоа што ме трогна самата приказна или тоа што знам дека е вистина.
    Почни да пишуваш, сепак и да не испадне нешто од книгата, ќе ги преточиш твоите мисли на хартија или на компјутер, сеедно. Но, како и да е дефинитивно ќе ти биде полесно.:)
    И јас едно време сакав да пишувам, сега за сега си пишувам само за себе, па за понатаму ќе видиме.

    Се надевам дека ќе ја реализираш твојата идеја. Среќно! :l:
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Тој спиеше.Низ собата се чувствуваше одвратен мирис на алкохол и цигари измешан со некоја колонска вода.На моменти се поместуваше и испушташе некои чудни звуци.Како да доаѓаа од самиот пекол.
    Неговата обелена и проретчена коса беше разбуавена.И ако покриен ,под покривката се забележуваше слабо и изнемоштено тело.
    Лицето му се грчеше,па опушташе.Црвенилото полека го сменуваше и тој бледеше.Едвај да имаше образи.
    Само две длабоки бразди се спуштаа до брадата.Неговите усни и ако од страните имаа нешто налик на бела пења,покажуваа дека тој бил привлечен во младоста.
    Имаше рамно плочнавесто чело,издлабено со бразди.
    Неговите очи и ако затворени,го оддава неговиот порок.Се гледаше дека со долго време му се има оддадено.
    За чудо спиеше спокојно.
    Наспроти него седеше средновечна жена.Погледот и шеташе на две места, на неговото лице,и во плетивото кое го држеше во рацете.Долго го чекаше да се прибере за да ручаат.Ручекот го чуваше топол на шпоретот, но тој стоеше не ѓибнат.Конечно стана да го тргне од шпоретот.Чекорот и тежеше, гладта што ја чувствуваше ја снема,само неколку солзи и се стркалаа по образите.
    Се напи неколку голтки вода.Погледна низ прозероцот.Надвор веќе се стемнуваше.
    Се обидуваше да смири,рацете и се стресоа, почувствува како и се превртува утробата, некоја остра болка проструи низ целото нејзино тело и таа залудно се обидуваше да ги задржи солзите.
    Полека седна на триножното столче,до шпоретот.
    Се обиде да се сети,на нешто убаво.Тогаш благо се насмевна.

    Па Феминки сакам да слушнам некоја критика.Ова е само дел од мојата замисла.
    Што мислите за напишаното?Знам дека е полно со негативен набој, но ќе се обидам да има и нешто позитивно, за да има освежување:)
     
    На GoodGirl45, Val-Dim и apricot им се допаѓа ова.
  19. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    Продолжи и само продолжи со пишувањето (y)... Ииии, одвреме - навреме дај ни по некое делче од напишаното!!! Кога ќе биде готов романот ке можеме да се пофалиме дека @vinozito1 со нас споделувала мали делчиња од светскиот бестселер!!!