Па јас кога бев пред некој ден во парк видов 15 како поминува само не знам дали беше чиста 15 или 15А
Значи 15А оди од Ново Лисиче до Карпош 4 со тоа што поминува низ центар, градска болница, рекорд, влада, продолжува по илинденска и застанува точно пред зоолошка
Автобус за Скопје - Гевгелија? За од поручек ми треба, знам дека имаше еден во 6 поручек и толку. И ова за феминките од Струмица, сакам евентуално да одам Струмица викендов, и ме интересира има нешто превоз, автобус, комбиња со Смоларските водопади или не.. (само со кола)?
Со која агенција, линија може да се стигне најефтино во Софија-Бугарија и назад? Дали има поаѓања секој ден? Колку трае патувањето?
Знае ли некоја дали може да се извади месечна карта Скопје-Штип и колку би чинела? И кога сум тука, дали има некоја искуство со вадење на картичка за бесплатен превоз по автобусиве..??
Општи прашања девојкии сакам да ве прашам нешто ул кај Што е владата е рузвелтова или грешам и ако може да ми кажете кој автобус одии натака ми треба за на зоолошка а од партизанска далеку ми е да идам со внуками
Приватна 23ка од каде поминува? И дали знаете некој автобус што поминува кај ФОН Универзитетот во Аеродром.
^13ка застанува малку поназад мислам. После раскрсницата, лево е Аеродром, десно е Ново Лисиче, а 13ка иде право натака накај ФОН. Ама на булеварот застанува и иде накај Железара.
16ка иде до Пржино, ама проаѓа низ Црниче. Може и со 9ка до Државна, карши Кочо Рацин пак испаѓаш во Црниче, сеа зависи каде потчно во Црниче.
Кај Фон поминува 23ка одма застанува тука треба само улица да преминеш Исто и 3Б поминува таму само поретко го има него
Епа сакам да одам во таа напуштената куќа/зелена куќа и тако даље, има уште сто називи.. Е сега живеам во Ѓорче, и не сум сигурна баш со кој автобус да одам, а ни пак каде да се симнам за да стигнам до куќата.. Сега со 16 или 9-ка да одам? Бреј, бетер од изгубен германец сум...
А што е тоа зелена куќа? Каде се наоѓа од прилика? 16ка знам негде поминува Автокоманда-Бит Пазар. А 9ка ако сакаш, цел распоред ќе ти го кажам. Од Ѓорче, ко што знам иде 4ка. Можеш да се симнеш кај Зелено пазарче/Фемили Шоп. И тука после една станица ти е југодрво. И таму можеш да чекаш 9ка. А ако тоа треба со 16 да одиш.. Ќе одиш со 9ка до бит пазар, и таму ќе чекаш 16ка. И јас се збрлавев. Искомлицирав. Незнам, некој друг поубаво нека ти каже. А и јас сакав да прашам за 23ка. Секој ден ја гледам на југодрво. Ама она не оди до Карпош, до Карев така?
Знам за која куќа мислиш. Се наоѓа на ул. Востаничка, тоа е границата измеѓу Црниче и Пржино. Значи 16ка ти треба.
Добро, тоа со бројот на автобусот е решено Е сега уште едно прашање имам и готово не досаѓам веќе! 16 се чекаше кај градска болница, така?!