Значи вака утре прво ќе се одам до кај една другарка во Ак. па ако може да ми кажете од Автокоманда до Марков Манастир како може да се стигне?
Има сеуште такси компании што возат со попусти или сите сега се со новите астрономски цени? Зошто гледам дека веќе на ниедно такси не пишува попуст и слично, па ако има некоја поинформирана феминка да каже која компанија вози по пониска цена ако има такви.
За сите што прашуваа за Марков Манастир Автобус број 70 оди до таму (имате распоред на страницата на јсп) Тргнуваат од железничка (транспортен центар). Ама има 70-ко кои одат до Батинци (тоа е пред Марков Манастир) и 70-ки кои одат до Маркова Сушица (тоа е поблиску до манастирот). Претпоставувам дека утре ќе има повеќе автобуси пуштено зашто секоја година така прават за излетничките места за 1-ви мај http://www.jsp.com.mk/VozenRed.aspx?tab=1 (во приградски линии го има со кратенките Бат. и М.Суш. кога ќе отворите за датумот 1.05.2012) Исто така имате можност да одите со 31,41,51,67 (сите тргнуваат од транспортен центар) до мостот на маркова река кај што се дели патот за Драчево и Марков Манастир и од таму да викнете такси (незнам колку пари е по нова цена можеби околу 300 денари.)
Тргнува од транспортен центар, освен кај што пишува од Дексион, Дексион е негде во Ѓорче ми се чини, така да не го гледај времето кога трга од Дексион, туку другите, освен ако не појдеш со 5ка до Ѓорче па се прекачиш на 60ка
Има некој автобус што застанува кај поранешен цветен пазар (не сум сигурна дали се уште постои) или кај Рамстор? Или ќе морам кај Зелен пазар да се симнам па да одам до таму?
Исто и Парк има попуст. Минус 40денари од цената што ќе ја откуца таксиметарот, као само за редовни и даваат картички, ама секако можеш да кажеш дека имаш
девојки дали може некоја да ми го каже распоредот на автобуси скопје-гевгелија и обратно за во сабота...
A бројчиња ќе може да ми пишете? Фала за информацијата и ако има уште некои споделете. Претходно имаа Глобал 28%, Лотус 20%...и доста други ама кај кој остана и дали остана тој попуст не знам.
Рива, даваат секогаш 20% помалку од цената, дали ќе им се јавам, дали ќе титнам и они ми сејавуваат, дали ќе стопирам на улица сеедно-број 15161, 075-2-15161 и 075-497-863 И еве ти број на парк-071 215-158
Знае ли некој да ми кажи превоз Битола - Дебар ??? Дирекна автобуска линија, сменување на автобуси, или автобус па такси ??? Пробав да најдам на интернет ама некако тешко ми оди