Општи прашања Само 16ка од Пржино, а еве како се движи и каде се чека... http://jsp.com.mk/Flash.aspx?file=16.swf
до Железара оди и 2а и 26 а за каде се чекаат, знам само на Партизанска, друго место не ми текнува, никогаш не сум се возела, само сум ги видела како поминуваат додека јас чекам 22ка
^ 2a оди иста траса како 2ка,само што наместо до Автокоманда,на семафорите после Континентал,свртува накај Железара нели.Имате и 13ка од Кисела Вода,26ка Карпош3-Железара и последно имаше линија Драчево Железара,чинам 42 ка беше.
Како да стигнам до Авто мото сојузот, или на улица Теодосиј Гологанов бр 59? Кој автобус поминува од таму?
^^5ка поминува таму, ќе се симнеш една автобуска после рекорд (за накај Дексион кога оди) одма од другата страна на улицата е, кај бензиската Spoiler мислам дека тука беше, ако не сум го помешала со некое друго
ааа сеа ми текна, мислам дека и 4а поминува од таму..дека нели не оди по партизанска само незнам колку често ја има, јас досега не сум видела 4а...
Не бе, никогаш не сум видела 4А да оди по Теодосиј.. Едит: На ЈСП на мапата покажува дека иде по Партизанска.
јас па не сум видела 4а по партизанска, ама па и не чекам многу..одма иде 22ка најверојатно е многу ретка.....
Мислам дека и 4а поминува таму. Ако мислите на таа станица кај католичка црква. Дека еднаш кога заакав натака, незнаев ни со кој автобус сум дошла до таму, ми рекоа дека сум била или со 5ка или со 4а, таму поминувала. Ама дека 4а била многу ретка, сигурно со 5ка. А баш заприметив дека имаше таму и бензиска малце понатака.
И јас колку што знам 500/600 денари беше маркица.. баш другарка вадеше,повеќе сигурно не било.. Патем,не е фер! па нека намалат малку,за промена 400
дали некој знае колку пари е со такси од охрид до трпејца,и дали има некој автобус што оди до таму,пошо слушнав дека само со такси се одело
Кој автобус поминува кај Тинексот кај Раде Кончар? Има ли некој што застанува близу него? 7 ца мејби?
Да 7-ца поминува, а исто и 7Б. Колку чини карта Струмица-Охрид и колку линии има Струмица-Охрид и обратно (во колку часот конкретно има автобуси)
Колку трае важноста на таа картата за 10 возења? Пример, не ја искористувам целосно месецов, дали важи и наредниот или....
Нема ограничено важење пример мора за месец да ја потрошиш. Ја користиш додека сите 10 не ги искоритиш па макар и тоа да е година дена. 250 денари е што му се исплати стварно