Може ли некој да ми каже колку чини автобуска карта од Скопје до Дојран и за со воз од Скопје до Гевгелија.Исто ако некој знае колку е со такси од Гевгелија до Дојран? Фала многу.
Имам еден куп прашања за овде. Колку пари е повратната автобуска карта Битола - Охрид ? А колку Скопје - Радовиш?
Повратна карта за автобус е 590, за воз не знам. Такси од Гевгелија до Дојран би требало да е околу 100 денари +/- нешто ситно, затоа што до Струмица е 300.
Возот ќе сообраќа од 14.07. до 30.09. 2012 тргнување од Скопје само викенди: 05:05 тргнување од Солун: 20:11 Повратна карта: 20€
незнам дали ми е за тука прашањево, ако не е ве молам кажете ми каде да прашам.ме интересира дали има некој патувано со агенцијата ас транс,јас треба да одам во црна гора со нив па ве молам кажете ми какви се автобусите,дали сте задоволни од нив и тн... фала многу
Незнаев дека има ваква тема.Дали знае некој дали во недела има автобуси за релација Струмица-Дојран и колку е картата?
Цена со воз од Скопје до Гевгелија? Знам дека беше 300 ама од поскапувањата незнам како е цената. Па ако некој има информација, споделете.
Девојки, дали знаете кој автобус би ме оставил на автобуска најблиску до Skopje City Mall?Знам дека до таму одат 15, 7, 22, ама ме интересира кој застанува најблиску?