Од бул. партизански одреди до населба аеродром ќе можи со 15ка да се возам нели ?! и дали ја има често...на 5/10 мин? оти баш сега прочитав дека ја нема често
15ка, се симнуваш на последна и таму си.За овие другиве не знам точно да ти кажам. А можеш и со 15А, ама овој иде по Илинденска, ќе треба да си поодиш тро додека да стигнеш.
^ 13ката тргнува негде крај на Кисела Вода, вози по Првомајска, Лисиче, Автокоманда па Железара. Во Автокоманда мислам дека застанува само на една станица. Други автобуси таа релација нема
сакам да ве прашам ако пешки од кај мене дома до кај една другарка ми е час и пол пешки...колку минути ми се потрени со автобус ( градски автобуси) - за Скопје прашувам.
Девојки, ај ве молам ако има некоја распоред за 23ка нека пише утре (сабота) како одат автобусиве, тенкс
ЈСП (Јавно Сообраќајно Претпријатие) Скопје Јас се извинувам доколку сум офф топик но мора да прашам! Дали некој знае од рекорд до Саем, вечерва кај што се одржува Скази концертот колку точно станици се потребни за да се стигне дотаму? Ве молам пишете ми побрзо!
ЈСП (Јавно Сообраќајно Претпријатие) Скопје До таму оди 50ка, а ако добро ги пребројав на памет има 5 станици. Погледни и на страната на јсп.
ЈСП (Јавно Сообраќајно Претпријатие) Скопје Мислам дека не пишува таму на страната. Се надевам дека се пет. Така и други ми кажаа. Евентаулно ако не па возачот ќе го прашам.
ЈСП (Јавно Сообраќајно Претпријатие) Скопје Пази да се симнеш кај Континентал со 50ка, зш таа иде од преку Бит-пазар. Кога ќе го видиш Континентал, т.е. кога ќе почне да врти автобусот по кружниот ток, застани на задна врата и право ќе си се симнеш.
ЈСП (Јавно Сообраќајно Претпријатие) Скопје Девојки, со кој број можам да стигнам од Карпош до поликлиника Јане Сандански во Аеродром? Ниту знам каде се наоѓа, ниту кои броеви одат до таму.
ЈСП (Јавно Сообраќајно Претпријатие) Скопје Види овде на мапата каде се наоѓа. Најверојатно eдинствена линија од карпош што поминува низ аеродром е 15ка, а мислам дека најдобро би било да се симнеш на станицата спроти три бисери.
ЈСП (Јавно Сообраќајно Претпријатие) Скопје Со 7ца чиста. Треба да се симнеш кај Американ или ќе видиш Тинекс и одма после него се симнуваш, станицата доаѓа баш пред Американ. Ќе се повратиш назад на семафорите, ќе преминеш улица и одиш само право. На некои 200, 300 метри е поликлиниката. Се надевав добро објаснив ако не пиши ми лп, ќе се потрудам појасно.
ЈСП (Јавно Сообраќајно Претпријатие) Скопје marama имаш право и 7мица оди натаму ама од друга страна. Според мапата станицата после Македонија табак, е најблиску до улицата кај што е поликлиниката. Поточно таа станица е енергомонт.
ЈСП (Јавно Сообраќајно Претпријатие) Скопје Бидејќи не знае каде е, мислам дека со 7ца полесно ќе и биде за наоѓање, ама јас не сум најдобра во објаснување.
Кога има сабајле автобус од Ск до Неготино? Колку е повратна карта? И колку е такси од Неготино до Кавадарци?