ЈСП (Јавно Сообраќајно Претпријатие) Скопје Добро важно има автобуси за избор, па ако не успее да се снајде со маливе инструкции и мапите тогаш во зависност од тоа со кој автобус ќе оди, најлесно е да го праша возачот да и каже каде да се симне А таму во околина било кој да праша ќе знае да и каже по која улица е поликлиниката.
Не ти се отвори распоредот? Не гледам да стои руле турс како превозник, има од млаз-б., самвел и дајо т. Еве погледни си вака ако не можеш на страницата директно .
Ретко некој користи такси за такви дестинации надвор од Скопје, а и прилично e скапо. Најдобро е да се јавиш во такси компаниите да прашаш за информација.
За подалечни дестинации мислам дека имаат посебни ценовници, дури така е и за до аеродром А. Велики. Значи има фиксна цена, не се вози по таксиметар (можда сметаат по километража) и отприлика за до аеродром беше 800-900 денари...така да рачунај дека за негде подалеку би била доста повисока цената. Сепак јави се, одма ќе ти дадат информација за цената.
Да, толку беше отприлика и тоа пред поскапувањето, не знам дали истата цена е останата сега зошто беше фиксна. Нема ценовници на такси компанииве на интернет да се видат, а единствен ценовник што го најдов е за аеродромското такси кое секако е поскапо од останатите ама сепак цените не може премногу да се разликуваат со останатите такси компании. А.велики-Скопје е 1220 ден (20 €), а А.Велики – Дојран: 5800 ден (95 €).
Девојко, тебе ти треба од тие приватните таксисти, односно тие дивите... Не можеш со обично, градско такси да одиш до Дојран, ѓавол и пол ќе те фане. Побарај колешки, другарки што се од таму да ти дадат бројчиња од таксисти, во секој град ги има што возат релации до Скопје... Максимум илјадарка би ти зел, според мене. Или еве девојки тука, нека ти пратат во лп броеви, па договорете се.
Тука низ градов тие дивите зимаат многу повеќе од "питомите" Една цена ќе ти каже пред тргнување, па после вожња ќе побара тродупло , али сепак ако се најде некој сигурен што оди натаму и со повеќе луѓе ако се оди може да биде поисплатливо.
Мислиш дека толку се добри луѓето па за да ми дадат бр? Ке дадам мн пари,ке отидам таку каде што треба,ако треба пешки,ама несакам да се понижувам и молам... Имам собрано 3000,а ако не соберам пешки ке одам,не е проблем..
Абе 100 евра да дадеш за превоз што може да го платиш 10 евра е премногу. Дојди си со автобус, дојди порано, барем во Скопје има милион места каде можеш „да утепаш време“. А и за назад ако планираш да платиш 100 ева дај ми ги мене јас ќе те однесам
Можеби ова ќе ти помогне некако? Или да направиш комбинација да отидеш во периодот кога ти треба со автобус (ако има) во некој поблизок град до Дојран (на пр. Гевгелија) и од таму со такси до Дојран, сигурно поефтино ќе ти биде.
Ете се наоѓа решение сега уште некој ако знае да ти каже колку пари е таксито на релација , но како и да е не би требало да е многу скапо. Едит: Се сетив дека и они имаат релација со редовни автобуси (или комбиња) гевгелија-дојран за 100тина денари, ако има за одма да трга уште поевтино ќе ти биде.