Spoiler не ми е баш за тука прашањево....ама не знаев каде да го поставам..... колку автобуски има од железничка до кафичот by pass? каде треба да се симнам? не сум одела натаму, па ми е страв да не се изгубам....
охоо има многу автобуски,од еден крај на друг идеш. За симнување ќе се симнеш на автобуската пред автобусот да сврти за накај Ѓорче.Одма ќе те остави пред кафичот,само од другата страна.Ќе преминеш улица и таму си. Ако неможеш да се снајдеш,седни си до шоферот и ќе ти каже,нема ништо срамота да прашаш
Јас да прашам, како што не сум од Скопје дали има и кој автобус може да ме однесе од постојката кај автобуска, до сити мол, блиску негде?
22, 19, 7, 15, 12 (приватна), 24, 21, 2, 12, 4, 59. Последна станица на 19, 7 и 15 е баш до Сити Мол. Нека ме поправи некој, ако некој не поминува, до таму! Ама сите овие поминуваат кај Лептокарија. Би требало да одат до таму.
Јас ќе те поправам, бидејќи Elennaa, прашува од постојка кај автобуската до City Mall, значи одат следниве: 7, 15, 15A, 21, 22.
Кај точката "C" е сегашната нова автобуска која е и последна станица. А кај точката "Е" се наоѓа претпоследната станица.
Ќе ве замолам за помош, треба да стигнам до Хотел Белви (кој гледам се наоѓа во близина на Роџер Пиано) и мислам дека е во Илинден, па ќе може да ми каже некој која бројка до таму треба да фаќам? Фала многу.
Kаде се наоѓа...!? Бидејки прашањето ми е избришано од СДК,можеби овде е посоодветно.Како се стигнува до улицата Лазар Трповски,до Рамстор?Тоа е населба Чаир чинам со кој автобус се стига,и дали поминува автобусот на Бит пазар?
Aко од Охрид до Кочани е 800 денари тогаш од Охрид-Кавадарци би требало да е некаде 500 или 600 денари повратна карта а ако е толку повратната рачунај некаде околу 300 денари би требало да е еден правец. Мојава математика до кај води......
Има ли некој број од новата автобуска од Гевгелија? И дали знае дали има автобуси од Гевгелија за Скопје, зашто Млаз Богданци моментално биле укинати ??
феминки дали некоја од вас знае дали таа новата линија што е пуштена 163ка од марино за драчево стои на последен 41 ? фала ви однапред