Женски препорачајте ми добра такси компанија со љубезни и сигурни возачи. Не се возам со такси зашто имам налетано на некои така да ги наречам страшни и напорни луѓе па ако постои некоја така пофина компанија пишете и бројче.
^ Јас се возам со панорама и многу сум задоволна. Со години цело семејство се возиме со нив. Како помала мајками ме качувала во такси и ме носеле до дома. Ако ѕвониш повеќе пати од ист број те воведуваат во компјутер како чест корисник. Затоа ние ѕвониме од кај мајками,и си имаме и попуст. Ти препорачувам да се возиш со нив,и ноќе сум се возела,многу се сигурни а и возачите се културни. Барем јас не сум имала никогаш лошо искуство со нив.
Денес има ли некој информација дали сите автобуси од Скопје кон околните градови, го имаат истиот возен ред како секој ден и се возат сите линии во стандардни термини ? Мислам не би требало да не е така, големо чудо Нова година, ама кај нас се е можно? Знае некој со сигурност?
И јас барав на страната на ЈСП, но имаат објавено само за утре: http://jsp.com.mk/vest.aspx?vest=208 А сакам да прашам, дали слободните ни важат и денес? На нив пишува дека за распустот не важат. Распустот од кога почнува, денес или утре?
Кажете ми луѓе,има автобус до Гевгелија,така ? Немам поим,а треба да одам.Кажете ми карта колку е некој ако знае.. ? Или ако не автобус,со што да одам,а да не е скап патот многу ..? А да,сакам и за Струмица да ми кажете исто. Благодарам однапред
Знаете ли мобилен телефон на некое такси за да вртам од мобилен. пример на панорама или наше такси или некое друго пристојно?
ај да прашам и во оваа тема. до економското во кисела вода борис кидрич со 24 да идам така? каде да се симнам отприлика да не го минам школото
Можда каснам, ама во случај да не дозна имаш Скопје-Гевгелија секој ден, имаш во 14:00, во 16:00, потоа во 17:30. Има и сабајле околу осум мислам дека е, да не те излажам. Повратна карта ти е 550, а во еден правец 320. За Гевгелија можеш и со воз, иако не ти препорачувам. За Струмица не знам, имаш и за таму нонстоп, само не знам колку пари е.
Девојки дали има градски автобус од железничка станица до Бутел?Не сум сигурна,но мислам дека ми кажаа од Транспортен центар оди 20-ка.И ако е точно,каде се наоѓа Транспортен центар.Не сум од Ск.Поздрав
20ка не оди до Бутел. Од железничка до Бутел одат 61,71,47. Е сеа зависи каде точно до Бутел ти треба ? 61 и 71 вртат накај селата накај СЦГ, а 47 оди накај Радишани до Љубанци.
Автобус од Штип до Скопје имаш од 6 саат наутро па се до 19/20 навечер.. Цена на повратен билет ти е 400 денари.. Ако земаш повратна карта, ќе мораш со автобусот со кој си отишла со тој и да се вратиш до Штип.. На автобуската можеш да прашаш, они се убаво ќе ти објаснат. Тука можеш точно да провериш во колку часот тргнуваат.. www.sas.com.mk