Дали некој знае дали има автобуска станица покрај pool house во Пинтија? Знам дека таму поминува 41 но дали има тука блиску автобуска станица и колку време треба за да се стигне до југодрво со автобусот?
60ка тргнува од Железничка и после знам дека некако вртеше накај битпазар, ама не застанува таму мислам. Каде потоа застанува? На Судска? На југодрво не поминува така?
Луѓе ми треба помош! Ке престојувам во студентскиот дом Пелагонија(кисела вода) а сум запишана на пмф. Со кој автобус ке ми одговара да одам, разгледував на јсп и мислам со 13 ама не сум сигурна. Некој со искуство ?
Мислам дека 13 е многу ретка, така да не сметај на неа. Најверојатно ќе одиш со два автобуса, еден до центар (рекорд или железничка), па друг до факултетот.
Прв пат ја приметувам темава, многу практична тема. Моментално не ми треба, но ќе ја имам во предвид.
24 до Рекорд, па после од другата страна ќе преминеш и чекаш 50. или 41 до железничка, па од таму 65в.
Мислам дека 15ка највеќе ќе ти одговара од останатите автобуси, ама ќе имаш повеќе за пешки. Сепак нека каже некој што повеќе знае за накај Аеродром, оти ја троа не знам.
Немаш потреба од автобус. Пешки се оди. Ќе излезеш од ГТЦ од кај Irish pab (кај кеј) и покрај кеј, ја поминуваш раскрсницата кај Веро и таму си. Се на се помалку од 10 мин. пешки.
Кој автобус оди од Центар до Карпош (кај Сити Мол) и за назад (од Карпош до Центар), а и во колку часот? И каде поточно застанува автобусот во Центар? Барав на страна на ЈСП ама некако неможам да се снајдам. Дека само еднаш се имам возено со градски и повеќе се возам со такси кога одам во Скопје, па поради тоа си немам поим како одат градскиве линии.
Од Центар до Сити Мол наспроти Мекиците од Стража ( на Рекорд) ќе чекаш на постојката 4,7,15,22. Можеш и 24 ама ме има зафркнато не секогаш застанува пред Сити Мол. А од Сити Мол за назад имаш спроти Сити Мол постојка и тука минуваат 4,22 и 24. А од страните 15ка и 7ца. Леле ко вработена во ЈСП да сум.
^ Ти благодарам многу. Сигурно ќе се снајдам, Македонија е ова, не е Америка. Ме интересираше и во колку часот одат овие? Така лани си чекав еден автобус пред Сити Мол, па не си го дочекав.