Ги има чести се, 22ката најчеста е. На секои 10тина минути од Транспортен тргнува. Инаку ми се има случено да се возам со 24ка и да не ми застане, а па кога сум се возела со било кој друг автобус, 24ка застанувала. - Ова од Центар кон Карпош.
Мене ме интересира ние студентиве како да знаеме кој викенд ни е бесплатен со воз? Прво викаа секој трет викенд, па после не знам слушнав муабет демек секој викенд, никој конкретно ништо не кажува. Знае ли некој за сигурно како е?
Ме интересира 23 приватен кој оди накај Н.Лисиче, дали застанува кај Рамстор некаде близу ? Или каде треба да се чека?
Дали е точно дека возните линии биле бесплатни за лица до 29 год. секој трет викенд? ако е точно дали е повратна карта или како?
Девојки имам неколку прашања па помогнете ми ми треба итно за утре Ќе патувам до Скопје со воз.. па сакам да одам во шутка.. Кој автобус треба да го фатам и каде има постојка ? Колку време има до шутка ? за назад ќе го прашам возачот
19ка и 20ка идат дотаму, од Железничка можеш да фатиш 20ка мислам и сите се приватни затоа нема евиденција кога поминува а за 19ка стигни до Бит пазар од страната на УКИМ и таму имаш автобуска
За во шутка најблиску е да чекаш 9ка, а таа стои веднаш пред олимписки, одма до јумбо сигурно знаеш каде е. Во 9ка па директно во шутка те носи, исто и 20ка од транспортен центар (железничка) ама 9ка ти е почеста
Сега гледав на страната на јсп за 19ка дека поминува и пред железничка станица, мора прво до бит пазар да стигнам или таму е постојката? Блиску е бит пазар до железничка? Врска немам
Вака до Шутка од Железничка најблиску ти е 20ка. Ќе ја фатиш карши Верото на таа автобуска, зошто не верувам дека би се снашла на нивниот паркинг што е под железничка. 19ка не поминува ни близу Железничка, туку на Битпазар, а имаш добри 15 мин одење до таму. 9ка не оди до Шутка, ни приватна, ни државна, а инаку застанува на Југодрво/Олимписки. Најсигурна варијанта ти е 20ка и за натака и за назад.
Важи за лица до 27 години,односно до денот на полнење 27.Можеш да си извадиш повратна,а можеш и обична.Ти треба само лична карта да дадеш на благајната.
http://vesti.mk/read/news/2330140/77073 ... studentite Како може ние студентите да си ги оствариме овие права? За бесплатен превоз знам дека треба во ЈСП и во студентски прашања да завериш нешто, а дали тоа се однесува само на бесплатен градски превоз или бесплатен е и меѓуградскиот превоз? Исто така ме интересира ова за бесплатна посета на крстот на Водно- што треба за да можам да си го остварам и ова право? И дали воопшто функционира ова стварно во практика за бесплатни посети на кина, театри, музеи, крстот на Водно и сл. Би била стварно благодарна ако некој знае да ми одговори на прашањата.