Од кај универзална до медицински како е со автобус? Има дирекетно и која линија ? Знам дека не е далеку и пешки, но сепак
22a e многу ретка, не ти се исплати да ја чекаш. Поубаво ако идеш веќе со бус да идеш со 22, 21,24,59,4 кои застануваат на Рекорд и преку улица Македонија 5-10 мин пешки ти е факсот позади Рамстор директно. Тие исто ти застануваат спроти Градежен на постојката кај Вили.
Девојки до Ѓорче Петров (поточно до Европска очна болница) што автобус оди? застанува точно кај европската? каде мине?
Што е со таксистиве? Пред некој ден се возам од универзална и не го уклучи таксиметарот. Го ставил телефонот на држач за во автомобил и дека тел голем на тач ко божем таксиметар да си мислиш, ај ок си викам може некако е поврзан со таксиметарот. Коа се симнувам да платам зема визиткарка и го покрива таксиметарот да не видам колку е ми вика 230 и ја ај ок неќев да се карам а се возев од универзална до карпош. Денес пак, влагам у такси исто од кај универзална и таксистов почна да ме распрашува што работам кај работам уште матичен да ми побараше а таксиметарот му беше пикнат во најдолното забутано најмало ќоше од колата и нормално тешко дека ќе го најдеш каде е, на излегување глеам стои 300мкд а исто до карпош се возев и ми вика ај со попуст 250. Ова не е нормално вака да крадат. Како може од универзална до карпош 300д, кога сум се возела до ѓорче со истата компанија и секогаш било околу 150. Сакам да ја пријавам такси компанијата, каде?
@TheSecret Пријави ги возачите во такси компанијата. Види што ќе ти кажат во такси компанијата. Незнам каде би можела да ја пријавиш такси компанијата. Не сум сигурна, ама се мислам дека градот Скопје им ги дава дозволите на такси компаниите. (Поправете ме, ако грешам) А за која такси компанија станува збор?
A da si pobarase fiskalna pred da platis? Bidejki mora da ti izdadat. Sleden pat da ne plakjas bez fiskalna.
Денес се возев со Лотус (така пишуваше на колата), сега кога сите такси ги направија колите исти, жолто бели) тешко се разликуваат од која компанија се. Ама за Лотус сум сигурна зош баш видов кога излегов. Следен пат обавезно барам фискална
Ако мене таксист не ми даде фискална сметка, јас воопшто не сум должна да му плаќам. Дај да видам, колку си возел, како 300 денари? Не сум Енглез што доаѓа првпат тука, па да не знам колку кошта. Јас така еднаш немаа такси моментално на повик, па се качив во едно што го начекав кај Железничка до Кисела Вода и ми искуцаа 200 денари (што никогаш не ме коштало повеќе од 100 ден.) И најпаметно нареден пат да си се качуваш во такси на повик. Јас со Пулстарс -15177 и Парк -15158 се возам со години, и никогаш не ми искуцале цена од ракав.
Дали знаете некоја такси компанија која има станица во Драчево? Сите што ги прашувам ми даваат броеви од диви таксисти...