Лелее извини сега гледам дека си поставила уште едно прашање. Баш сега ја проверив линијата на 22а и гледам дека уствари иде од Волково (Лепенец) до Клинички. Што би значело дека најверојатно поминува и до Сити Мол. Во претходниот одговор другите автобуси се точни. Не ми е познат друг директен автобус на таа линија. Се надевам дека не доцнам со одговорот.
И ова мене ме интересира, од каде тргнува, од нова железничка, во колку и колку пари е карта?Со плаќа со пари, или да не е со овие новите картички што се полнат?
Еве јас ќе ви помогнам зашто почесто сум на релација партизанска 22 а што иде до клинички да поминува кај сити мол и застанува баш кај сити мол. позз
Тука, само скролај до долу (кликни на Внеси наредни постојки) затоа што приватните линии се на крај. Населбата Аеродром или Александар Велики? Ако е за населбата, картата е како и сите други за градски превоз, 35 денари, а ако е за вистинскиот аеродром имаш повеќе опции.
15 и 15А застануваат под железничка на улицата спроти влезот за во меѓуградската автобуска ќе му дојде, а почетната станица на 21, 21А, 21Б и 22 е транспортниот центар. Исто и 7ца застанува во близина на автобуската, а последна станица и е Сити мол.
http://faktor.mk/besplaten-voz-za-mladite-dva-vikenda-vo-mesetsot/ Мислам дека и преку лето важат бесплатните возови за млади до 27 години еве прочитај ја веб страната што ти ја пратив.
Важи летно време.Студентски ден ти е само четврток,карта вадиш со индекс,а за млади до 27 год.како што е пишано во линкот погоре