7, 15, 21, 22. Со тоа што 21 и 22 оставаат таму каде што тргаат автобусите. 15ка те остава под железничка право на улицата каде што имаш Донер и слично. А 7ца те остава кај семафорот што е, карши почетната станица на тргање на 21 и 22.
Итноо ми треба помош Ми треба инструкции како да стигнам до стара последна 7ца во Лисиче? Поточно ми треба Вип продажно место?
Нема веќе одамна карти за купување од кај шоферот. Имаш две опции: Од билетара можеш да си купиш неперсонализирана картичка, мислам две гратис возења одеа во неа, а за цена на картичката не сум сигурна (мислам дека е околу 200 ден.); или, При качување во автобус, ако си на T-Mobile можеш директно да завртиш на број 185, или ако си на VIP постпејд прво праќаш SMS со текст START на 14 11 14, па вртиш на 185 и го доближуваш телефонот до апаратчето, тоа ќе ти отчита билет (на овој начин билетот ќе те чини 40 ден.) за кој потоа ќе ти дојде потврдна SMS порака која ќе ја чуваш до крајот на возењето во случај да влезе во автобусот контрола.
Дали некој знае дали постои уште таа линија од Битола до Скопје со воз во 21 часот така нешто беше? И кога е последен автобус од Битола за Скопје во недела?
Не сообраќа тој воз. Последниот од Битола за Скопје е во 18.30 часот (патнички). Во Ск.стигнува околу 22.00 часот. За автобуските линии на таа релација не знам. Може да се информираш во Транскоп Битола.
До шутка од железничка оди 20 До Сити мол 21,22 60... и сите што одат во правец на Горче. Ма да доволно е да знаеш за 22 затоа што ја има м,ногу често на 6-10 минути зависно од периодот на денот