Обратно е, четвртоците се за студенти, а првиот и третиот викенд се за млади. Во четврток се вади карта со индекс со последен заверен семестар, а за викендите со лична карта. Нека си прочита и @GirlRose
Ко да нема тука за таа релација.Знам дека се симнуваш во Велес и од таму за Прилеп.Ама пишуваше на картата Штип-Прилеп.Само не знам колку беше.
Дали може ве молам некој да ми каже превоз со автобус/комбе дали има до Сандански, Бугарија? Моите уплатија за бања ама немаат организиран превоз
Ако мислиш на меѓуградската автобуска станица, никаде во близина не застанува 22 А зашто не сообраќа на таа релација. Не знам која е цената на такси превозот до таму. Сообраќаат многу автобуси, доколку ти одговара да користиш јавен превоз.
Само 15ка А застанува на станицата кај Транспортен и си продолжува кон Аеродром. 8ца оди до Бит пазар.
На таа релација сообраќаат 7, 15, 21, 22. Најдобра опција е да чекаш на постојката (првата) кај Комплекс банки (НБРМ), зашто сите сите застануваат таму. Може и со 21А и 21Б, но тие се поретки.
postoi li nekoja aplikacija ili web sajt preku koj mozam da se snajdam kade treba da izlezam ova mnogu slozeno mi izgleda jsp gradskiov prevoz
Напротив, едноставно е. Се симнуваш на станицата хотел Карпош после станицата Симпо. Хотелот е веднаш тука и се гледа од автобусот.Можеш да прашаш и некој од патниците или возачот. Отвори на страната на јсп и избери возен ред по постојка. Дали има посебна апликација, не знам.