Сакам да прашам...? Девојки знаете ли колку би било отприлика такси од центар до почетокот на жичарава на Водно? Не ми се оди во автобус, претопло е..
Сакам да прашам...? Само едно ќе ти кажам... Подобро срцев удар од топлината, отколку откако ќе ја видиш цената. Не очекувај да поминеш со помалку од 250. А, и да, жичарата во понеделник не работи, ако одиш заради тоа.
Сакам да прашам...? Не ми беше за денес, за деновиве Ќе бидеме двајца, нема да биде страшна цената ако е до 300
Девојки со кој автобус можам да стигнам од Тафталиџе до Т-mobile во Аеродром или Ново Лисиче (не знам како му доаѓа)?
Сакам да прашам...? До Ново Лисиче можат да те донесат 3ка, 5ка, 15ка, 23ка.. а од тафталиџе кој и да е автобус што иде до Рекорд или пак Југодрво ..
Сакам да прашам...? Не знам кои автобуси се од Тафталиџе, мислам 24ка ама тој иде до К.Вода. Ако е така можеш да се симнеш на рекорд, поминуваат 3кa,23ка,15ка и 5ка таму. Тие идат накај Аеродром и Ново Лисиче, само не знам каде е т-мобиле, дали баш од таму идат
Сакам да прашам...? Девојки, поточно тие од Скопје... Може некој да ми каже со кој автобус да одам од карпош 4 до државна болница и обратно? Гледав на сајтов од ЈСП и најдов еден што оди до водњанска ама не оди често...
Сакам да прашам...? Со 22а, ама не знам дали ја има денес затоа што возат по празничен распоред. Инаку друг нема што оди директно, ќе треба до Центар да одиш па да фатиш 3ка или 50ка. Исто за 3ките не сум сигурна денес колку ги има, инаку во работен ден се чести. Инаку јас СДП што е разликата меѓу доктор по дентална медицина и доктор по стоматологија
Сакам да прашам...? може ли некој да ми пише кои автобуски линии одат за маџари...на пр.од центар или од автобуска кој автобус треба да го фатам
Сакам да прашам...? Одат 50ка и 23 ка. 50 ка ти поминува од Рекорд, Работнички универзитет, па Бит Пазар, а 23ка те врти преку аеродром и ново лисиче, така да тој можеш да го фатиш на Рекорд, кај Градска болница, Југодрво или под железничка.
Сакам да прашам...? кој автобус оди од парк до клинички Центар, и каде се чека на Рекорд во Центар или
Сакам да прашам...? 3,50,9 3 и 50 на рекорд,50 ка може и на битпазар, исто и 9 ка на битпазар едит не видов дека си пишала од парк освен овие три други не идат до клинички, а колку што знам ниту еден не поминува кај парк
Од Нова железничка до Клинички со 23ка ќе стасам, нели ??? И дали некој се разбира во рутери, ми треба мала помош.
Ќе стигнеш. Симни се на последна 23ка, премини преку улицата и само нагоре по Водњанска. Кога ќе видиш еден куп луѓе и таксисти, тоа е веќе Клиниката. 5 мин. е одење пеш. А и прашај си некој по пат, не е срамота. А од Нова железничка оди директно дотаму и 3ка. Ѕирни си распоред, да не чекаш премногу на автобуска. http://jsp.com.mk/
Сакам да прашам...? Знам каде е, редовна сум си јас таму, него обично одиме со кола. Одамна немав одено со автобус, ќе се симнам на еден паркинг зад згради, нели ?? Одам со другарка, па страв ми беше да не ја однесам со 22ка до Лепенец.