Колку што сум упатен ќе ти требаат 2 автобуса. Прво фати 2, 12, 22 до негде (Сити мол на пр.) и од таму после 24-ка; или пак со 5-ка до Рекорд и од таму 24-ка.
Кој автобус оди од Визбегово до Бит Пазар, Веро Џамбо или до железничка? Број и возен ред доколку знае некоја, на гугл не наоѓам ништо.
Здраво. Дали некоја знае да ми кажи дали воопшто на 30ти и 31ви има автобуски линии од Србија до Скопје? Фала однапред.
Ве молам кој знае во колку часот има автобуси од Скопје за Битола? За утре ми треба, не се јавуваат на телефон. Фала ви!
Ако е ист возниот ред како пред некоја година, би требало да има од 09.00ч наутро, 11.00ч, 13.00ч или 13.30ч, 15.00 или 15.30ч, 17.00ч, и 19.00ч, од Транскоп...Од Галеб знам има во 06.00ч. Провери на вебсајтот на Транскоп, можеби има таму ажуриран возен ред.