Тој е возниот ред, тој во 1-1.30 е во 1.30 баш вчера со него бегав, за 3 не знам едино, и има уште еден во 9 вечер последен. Другите се тие. На први само имаа изместен возен ред оти кога одев пред НГ збораше возач со една жена ама од 2ри се пак со истите линии. @Powerpuff0001
Некој од Скопје да ми даде број на такси компании, ке ми треба за во Скопје и дали уште стојат кај железничка на влезот?
Здраво , сакам да прашам дали некој имал претходно искуство со Руле-Турс при патувања на долги релации , шофери...?
Дали бр.15 од ново лисиче застанува на истата автобуска кај сити мол кај што застанува и 7ца, последна т.е почетна станица?
Кавадарци - Неготино дали се сообраќајно поврзани, дали редовно има автобуси, во смисла во еден ден да се отиде до другиот град и да се вратиш назад? Ако одам секако ќе си прашам на автобуската, ама еве и тука да прашам, ве има од секаде.
Ние бевме со нивни автобуси на екскурзија сега за Италија, немам зборови се беше во најдобар ред.Точни се на време се тргнува и заминува , нови автобуси со клима , штекери ...Шоферите беа многу фини , љубезни , кога и да ни требаше нешто беа секогаш на располагање . Така да ти препорачувам да патуваш со нив.
Да, тргнува од Железничка, па низ Рекорд, па на Партизанска, врти кај Палас. Овде имаш распоред на автобуси за тргнување и движење по постојки, временски да знаеш во колку ќе е на постојката: Јавно Сообраќајно Претпријатие Скопје - Скопје (jsp.com.mk)
Отвори го линкот што ти го пратив, таму имаш инфо. Симни си ја апликацијава, ќе го најдеш бројот на автобус што го бараш и таму имаш инфо: JSP - On The Go - Apps on Google Play