На времето 5ка правеше комбо партизанска Vs Теодосиј Гологанов, ама ехеее. Долно Нерези е буската кај ТЦ Антико. Така ја викаат зошто Тафталиџе 2 е уствари долно Нерези. Ми фали овој дел од Скопје
Хммм... 2006та негде. од Теодосиј Гологанов тука кај Гоце продолжуваше на Партизанска ми се чини. После ја продолжија, Теодосиј Гологанов - Војвода Васил Чакаларов па си тераше по новата улица.
Ооооо Ѓорче кај Антико крај на Партизанска, не Лептокарија, моја грешка во пишување. ЈСП дава список на постојки на автобуси и јас ти приложив слика од распоредот на нивната апликација. Поздрав.
Позади ТЦ Антико е Карпош 4, спроти т.е. кај семкарот е долно Нерези. Јасно, го знаеш регионот, наздравје крофните Ама имам живеело таму. И Нерези и К4.
ЈСП дава распоред на постојки и јас сликнав од апликацијата и ја споделив со вас. Отвори си и сама види си, можеш да уклучиш и следење на автобуси во живо, па тие ќе ти го покажат уште поточно секое движење. Само симни ја апликацијата на ЈСП.
Со кои зборови сакаш да ти објаснам дека автобуската на партизанска се вика Долно Нерези, не ми е јасно. Еве ти скриншот. Ај наздравје
Да точно е ова, во право си. И јас се возам секој ден во 22ка. Долно Нерези или Антико е истата автобуска (односно автобуската после сити мол). Членката се има измешано со друг автобус, затоа што ние ни Реплек, ни Тинекс и Стокомак не гледаме.
Членката според список на ЈСП постојки се води. Не и е веродостојно дека на партизанска се наоѓа постојка која е именувана долно Нерези.
Дечки, знае ли некој каде точно кај Капитол поминува автобусот за аеродромот? Дали е баш на автобуската станица пред Капитол?
Здраво дали некој знае кое време е отворена бутката кај Силбо за надополнување на картичките? И дали може да се надополни за 4 возења ? Какви им се правилата?
Некој да не знае како иде возот ск-куманово и обратно, каде има станици, колку е карта и слично. (Ако воопшто е пуштен редовно да сообраќа)