Не знам за кај бараш ама ќе споделам за Битола. Од кога има онлајн билети на страната на Транскоп - има и точни термини (при избор на билет) за избраната дата + има 20% попуст ако купиш билет онлајн. За други места и со други превозници не знам, ама ете за Битола доживеавме малку напредок. За гратски линии не знам.
Здраво, дали некоја од вас знае за редовен превоз до Маврово? Комбиња/автобуси? Не наоѓам многу на интернет…
Дали некој скоро бил до Белград со автобус ако може да ми каже со која компанија и која е цената на повратна карта?
И Галеб одат, навечер во 21:30, билетот последно беше 3030 ден. сега не знам дали е исто. Aма со Ниш експрес ти е поевтино. Таа е страната. Кај мене покажува возен ред и цена, провери пак.
Таа е страната. Јас патував до Ниш со Ниш Експрес и траеше 3 саати. А до БГ па можда уште +2-3 саати оти застанува во сите градови.
Јасно фала ти. Ме интересира безбедни ли се? Оддамна се немам возено со автобус и не знам какви им се регулативите сега
@bookslover Ја би ти препорачала да идеш со Фудекс, таа е директна линија Скопје - Белград и нема застанување нигде. 3200 е повратна.
Да. Секој ден има линија за Белград. Ама влегува во секој град за разлика од Фудекс ама па затоа е поскап.
Галеб Охрид, што трга од Скопје во 18:30 дали оди директно за Охрид или застанува некаде во некои градови?
3-4k ме фаќа од прилика не знам дали влијае ценава дека на зима одев, ќе напрам со пролетва споредба. Со Фудекс преку Фликс, од Скопје. Апсолутно нигде не застанва, последно од Белград до Скопје со 40 минути порано стигнавме од предвиденото. Големо екстра за то колку е комотен автобусот. Имам одено и со Ниш Експрес ама то ми е nightmare сценарио.