И мене ми е малце исцрпувачки да застанува у секој град… Така што и јас најверојатно со Фудекс ќе се одлучам да одам
Не само то шо застанваше во секој град. Самото седиште ми беше некомотно, во Ниш менвавме бус, грб ме искина од болење. Фудекс кога велам дека е комотен, го мислам ова ептен буквално. На оние седишта +6-7 сати би се возела без проблем. Екстра е то шо е брз и прај само една пауза од 10-15 минути и толку. Да знајш само за багаж евро мислам беше. Баш ме интересираше барав сличето: €50.99 правецо ни бил за два билети со Фликс. За овој на билетот пиши 6 сати и 15 минути, ние стигнавме со 30-40 минути порано. €67.16 правецо ни бил за два билети со Ниш Експрес. За овој билетот пиши 7 и пол сати, мислам дека стигнавме за 8-8 и пол шо не е многу плус. Е сега јас користам апликации како Фликс или Омио за странство така да можи и некоја такса да е вклучена, не знам. Еве гледам дека тие од Ниш Експрес не се сите до прикачување, ама дефинитивно ако некогаш пак се возам со нив прво то ќе проверам. Ама после тој прв пат со Ниш Експрес исклучиво со Фудекс се возам.
Гледам дека Фудекс за датумот што сакам имаат само навечер во 12 бус. Ако се јавам да резервирам исто или така само преку фликс е?
Да од Скопје само тој автобус им е. Не знам за ѕвонење. Јас апликација користам за да тргнам варијабла зошто стварно неќам да ѕвонам.
Јас не ни знаев дека Фликс имаме во Скопје Никогаш ама баш никогаш не сум го видела а живеам блиску до Железничка. Инаку ништо ако е тој со тој ќе одам
Секогаш поаѓаат тоа време, рано наутро ќе бидеш во Белград. А со Ниш Експрес и Галеб од Охрид патувањето ти е мрцварење оти секаде застануваат и патувањето ти се фаќа да биде преку 8 саати. Кога бев студент, исклучиво со Фудекс одев за Белград, уште тогаш беа супер, ова пред 20 години.
Нема Фликс брендинг, то и на билетот го пиши, зато немаш забележано. Личат на обични автобуси, небрендирани.
@theowndemon се успева ли да се поспие во бусов Фудекс? Единствениот проблем ми е што ќе треба да патувам цела ноќ и претпоставувам нема да можам око да склопам, па следниот ден стасувам во 6 саат во Белград, а чек-ин ми е тек после 2 саат. Што ќе правам тие саати ми е единствениот проблем, особено ако не успеам да склопам око.
Дали бил некој скоро за Софија, Бугарија? Дали уште е околу 4,5 часа возење со автобус, или има гужви сега со земање отпечатоци итн. или уште не се прави тоа? Месецов имам лет од таму па ако бил некој периодов да ми каже, благодарам
Се уште е толку, зависи и од гужвата на граница. И да, со отпечатоци на 4 прсти и сликање е. Транскоп Битола има линија секојдневно од Скопје за Софија.