Спојлер Навистина не знам каде е точното место за темава...Ако не е овде, ве молам преместете ја. Во секој случај проверив, и слична тема не постои. Денеска се соочив со една чудна ситуација. Ми разгори многу теми и прашања на кои мислев дека му го знам одговорот. Еве за што се работи: Во муабет со другар, паднавме на тема - девојки кои имаат работа некарактеристична за нивниот пол. Поконкретно, автомеханичарки. Постојат, ама никој ги нема видено во живо.. нешто како еднорог. Постои мит за нив, дека се проклето многу секси, дека мажите му се восхитуваат а девојките ги мразат. Чичко гугл имиџис ги покажува како фино измачкани привлечни 20 годишнички, во куси куси куси пантолончиња и рамбовка, или сосема културно дотерани девојки во работнички алишта.. На страна од митови и легенди, она што јас го мислам е дека девојките имаат поприлично тешка работа. Дека се малку на број но дека сепак ги има. Дека имаат проблем со предрасуди, во однос на стручноста која ја имаат како и осудувачките мислења за самиот избор на професија, па и хоби. И, многу важно, дека често машкиот пол ги гледа како непожелни за сериозна врска од повеќе аспекти. Прашањето кое сакам да го поставам е: кое е вашето лично мислење за автомеханичарките и воопшто девојките кои не му е страв да се извалкаат со масло? Какво мислење имате за нив, или би имале доколку до сега не сте сретнале ни една..? Што мислите, како се снајдуваат во средината? До припадниците на машки пол: би ве спречил/поттикнал ваквиот интерес на една децојка за да остварите со неа контакт/ пријателство/ врска? Со нетрпение ги очекувам одговорите... Се надевам дека многу ќе ги има
Итс мии. Се зезам за малку ќе бев ме спречи тоа што ќе требаше да учам во клас со неваспитани дечиња каде што часови не се одржуваат. Но се врткам околу машини сакам да ги поправам и не не ме страв да се измацам со улје додуше и пола алишта ми се така уништени. Уште од мала сум по таа работа аздисана ама ете можеби ќе направам нешто со факултет мада не верувам дека ќе погодам струка за таква работа. Ако некој знае струка на факс за тоа нека кажува што побргу. А ако некоја милува тоа да биде нека ништо не ја спречува. И да има големи предрасуди за овие девојки но за тоа ич да не се замарате.
А зошто предрасуди? Секој има право да го работи тоа што го сака. Зарем и по нечија професија треба да се плука?
Не треба но општество е такво. Секогаш работата ќе им ја доверуваат на некој маж однеголи на жена бидејќи според нив мажот нели повеќе разбира. А нема врска искрено.
Вистина, никој не би сакал да го помине цело средно со друштво какво што обично има во тие класови, особено не девојче... А факултет, ако си мерак баш на автомобили, во нашава државичка нема таква насока во високото образование. Во Хрватска наводно имало, ама не сум доволно информирана.Машинскиот факултет е добра алтернатива ако те интересираат машини воопшто. Па понатака преку пракса можеш да се доусовршиш за сферата што ја сакаш.... Баш сега отворив на страната на машинскиот факултет, имало и отсек за моторни возила Па, бирај! Ќе се пофалиш ако има нешто ново... Спојлер https://www.mf.edu.mk/mk/dodiplomski-nastavna-dejnost
Не треба да се плука по многу ствари по кои веќе со векови истото се прави. Баш затоа ми е отворена темата, да видиме кој што мисли и колку самите грешиме со сопствениот став. Идејата беше да се искаже првото што ни паѓа на памет кога помислуваме на ваква девојка, па да видиме какви ставови има за нив воопшто и како котираат во општеството.
Мене искрено ме интересираат коли но не и машинеријата во нив. Но корисно би било да знам каде да ставам улје, да ставам вода, како да го запалам акумулаторот со помош на друг автомобил. Тоа се доста корисни работи кои треба секој да ги знае и како возач. Во врска со автомеханичарската работа немам ништо против и немам никакви предрасуди, меѓутоа живееме во такво општество каде сите те гледаат на криво и се чудат. Не гледам ништо лошо во таквата професија и би ми било мило да познавам некоја таква личност па да размениме искуства/совети и слично. Дали јас тоа лично би го работела ако ме привлекувало како професија да ви кажам да би го работела, не гледам ништо срамно тука.
Како што напомена и самата, ретки се и немам сретнато девојки кои се занимаваат со вакво нешто кај нас. Ако се разбира некоја девојка во сите тие поправки и делови сметам дека нема ништо лошо и срамно да се занимава со таа работа која покрај другото може да донесе и доста солидна заработка. Е сега би ми било малку чудно да видам некоја затоа што таа работа си бара и физичка сила а девојките се нели понежни за разлика од мажите..
Немам никакви предрасуди и нема да ме чуди ако видам девојка автомеханичарка и тоа е работа. Кој што сака може да си работи.
Единствениот проблем е што ваквите девојки кои работат „машки“ работи се претерано сексуализирани, благодарение на порно-индустријата. Автомеханичарки, девојки што мијат коли, водоинсталаторки... Сите тие се фантазии на некои „осамени“ машки што девојка виделе само на календар. Токму затоа мислам дека ваквите девојки се ретки, поради репутацијата која ќе ја имаат занимавајќи се со тоа.
Moj kolega me zamoli da go prefrlam nekolku ulici podole do nekoj servis za kamioni. OK. Izleguva zena izmacana vo ulje koja mi se izvini za izgledot. Kolegava ja prestavi kako "ova e sestra mi". Posle mi objasni deka nejzin e servisot i deka od mala si bila po rasturanje kolicki i povtorno sklopuvanje. Mazena e, uspesna zena vo maskiot svet ima i tri maski deca.
Ете, тука сме некаде.. Претерано се сексуализирани и тоа неправедно, ако се прашувам јас. Жените кои навистина ова го работат се облечени најчесто во комбинизони, шминката и да ја имаат лесно му се размачкува, ноктите не трпат толку терет па се најчесто кратки, рацете изгледаат од прилика вака во работно време... ... А и после тоа не се дочистува се, сигурно се сеќавате како изгледаат рацете на некој механичар и кога не е на работа.. Вака, од прилика.. Па, чисто сумњам дека некој се "пали" на рацеве.. бар од моја гледна точка. Не се срамота, да се разбереме, ни најмалку. Јас му се воодушевувам на тие девојки што покажуваат доволна храброст да го работат ова, но сепак, тука се крие голема нелогичност, според мене. Реалноста е поинаква. Од друга страна пак, познавам малку мина кои се сосема добри дечки, а кои се луди по вакви девојки. И не му смета што работат машка работа, ни што се валкани, ни што немаат километарски нокти и префинетав минка 24/7. Самите тие тврдат дека момци како нив има многу, ама мене просто не ми е за верување. Искрено, ме зачудивте вие неколку што се пријавивте како потенцијални припаднички на групава. Мислев дека нема да ве има, многу ми е драго што се излажав.. Чекам да се пријави уште некоја,па ќе отвориме работилница
Слабо верувам дека некој би вработил жена за автомеханичар, во ова затуцано општество, за жал. Евентуално, како погоре примерот, некоја да си е газдарица на бизнисот, па така.
Можеби сум малку офф топик ама во врска со рацете дека никогаш не се чистат. Паметам како мала вујко ми кога ќе дојдеше кај нас а тој е автомеханичар и јас не сакав здраво да му направам. Тој па за инат ме задеваше и бевме комедии Сега го немам приметено какви му се рацете а сеуште си ја врши работата.
Имам сретнато,и не само тоа Шоферки со огромни камиони,комшијата има колешка заедно работат на покрив На западов е нормално
А с не само што брцам прсти по уље јас можам да се наречам и вториот маж во куќата така ме нарекува мм, бидејќи во се се разбирам и секогаш му помагам на мм околу колата и моторот пред некој ден јас му наместив едни кругови на моторот не знам како се викаат правилно тој ме гледаше збунето бидејќи тупеше цел саат и не знаеше како да ги стави.