Точно. Сосема се потценети само заради тоа што се жени. Сум слушнала предрасуди за жените поврзани и со тоа дека не се доволно паметни за да знаат да ги решат проблемите во механичарството. Мизерно.... И, доколку некој вработи жена за таква работа во нашава средина тоа ќе биде единствено за да има повеќе муштерии, зошто нели, народов се ложи на тоа... А познавам жени сопственички на вакви бизниси. Една од нив си држи отпад и тоа во два градови во Македонијa заедно со маж и, ама таа е газдарица и одговорнa. По тоа што гледам, супер и оди. Значи, возможно е се, само ограничените ставови на луѓето околу нас создаваат тензија, па многу од нас (зборувам за девојките воопшто) се откажуваат од замислата која не е во согласност со општите мислења. А логично е дека оние кои пробале и си го оствариле планот се далеку посреќни, без разлика на околните фаци..
Тие од чичко Гугл се само фото модели. И мене баш ме интересира дали некаде на планетава постои автомеханичарка или барем еве жена што пере кола со прскала под силен притисок
Јас кога ќе имам дефект од 300 евра мн ќе ме боли дали е машко или женско...тоа е важно само на американските серии....јас сигурно нрма да ја искршам колата за да отидам само да видам механичарка. Кој знае да рсботи ќе работи..секако машка работа е тоа и 99% машки го работат тоа и заради физичката предност и ефикасност.А на тој можеби 1 процент секока чест.
Ех, не е тоа тоа. Затоа експлицитно реков ако пере кола, бар да ја пере со прскалка под висок притисок
Патосниците со прскалка под висок притисок. Не се сите жени до толку нежни и разгалени да не можат да користат таква прскалка.
Добро, жената не е баш најсекси, ама ти слободно можеш да продолжиш да фантазираш. П.С. Силна жена е новото intelligence is sexy.
@EvAngelos Иако се малку, вакви жени постојат. Познавам авто лимар кој работи заедно со жена му. Си ги делат обврските... Впрочем, жените кои се занимаваат со ова најчесто работат со сопругот или се газдарици. Во секој случај, храброста и предизвикот се големи
Па и нема некоја филозофија во користењето на прскалка. Дури не е потребна ни многу физичка сила, само техника. Јас не сум се плашела да користам никаков алат. Најчесто од потреба - брусалици, бормашини, бои, какви не клучеви, шлајфарка, Цо2 заварување, сеа наредно ќе одам на самоуслужната перална да се запознаам со прскалката а планирам и да редам ламинат ... Ако можат тие, можеме и ние. Не е до сила, до желба е. Често е полесно да речеш не можам, не сум за тоа, не сакам. Ама, секој си има право на своја филозофија, нели?
Најлесно и наједноставно е да кажеш не можам. Не е научна фантастика да користиш алат, не е ни толку тешко ко што некои го замислуваат. Баба ми носела малтер кога ја правеле куќата. Битен е моментот што еднаквоста меѓу половите е сфатена како места во собрание и употреба на правосмукалка низ дома. Јок, еднаквост е делење на сите обврски.
@Rebecca_R , I like the way you think Си викам дека ќе не има повеќе со таков став. И двете мои баби мешале малтер и по две куќи направиле заедно со дедовците. Генерацијата после нив не знае да држи штрафцигер. А од мојата генрација (браќа, сестри, братучеди) само јас се нафаќам на такви работи,на другиве му е застарено и мачно тоа. Па пред скоро се најдов во еден конфликт со себе. Дали јас постапувам правилно што на секаква работа се нафаќам или тие што се штедат од се...? Веројатно времето најдобро ќе покаже..
Моите, особено татко ми, умеат сами да си ги завршат работите низ дома. Не се плашат од физичка работа. И брат ми така е воспитан, имаме алат и тој знае како да го користи. Умеам и јас сама да направам добар дел од домашните работи. Никогаш не ме форсирале, но јас не би се чувствувала пријатно да викам некого за да ми смени сијалица. А познавам и жени кои викаат некого кога ќе видат инсект. Да, убаво ме потсети, и двете мои баби мешале малтер и тие работеле со мајсторите кога се правеле куќите. Не знам дали тогаш работите функционирале поинаку, но јас не познавам ниту една жена денес која работи со мајсторите. Од работа- кафе правење. Едната баба одела на работа а после тоа продолжувала да работи дома. За тебе и твоето здравје најдобро е да кажеш не. Не се нафаќај секому да помагаш, кажи не можам, уморна сум. Умеам а не сум надпросечна. На некои личности едноставно така им одговара.
@Rebecca_R , ме замисли.. Не дека се нафаќам да работам за секого, се нафаќам за најблиските, ама сепак другиве околу мене ни за себе тоа не го прават. Валјда постои некој баланс, не знам... Здравјето да се зачува е приоритет. Другото се прави...
Јас поаѓам од тоа: кога можам јас, може и некој друг. Пример, да ти побараат да насликаш уметничка слика е едно, за тоа треба талент. Но да побараат да варосаш, а може да вароса секој, е тоа е веќе безобразлук.
@Rebecca_R , пак ќе ти речам, I like the way you think! Мене често ми паѓа жал, попустлива сум и си го земам теретот, а правам грешка. Сакам и ќе пробам да го сменам тоа.. Не се сите за жалење како што се прават. Фала ти! Ај да не бидеме офтопик, ќе не караат.. Може во лп ако треба било што понатака
Јас не сакам да бидам автомеханичарка, бљак..сакам да бидам заварувачка..нели е секси, како онаа глумицана во флешденс..(така ли се викаше филмот)..пуста старост
Автомеханичарка - јок Немам видено, а и мене не ме интересираат коли. Доволно ми е да ја возам, да сменам гума, да сменам акумулатор кога комшијава не ме рецка за менување, а џабе сум го купила од кај него, да се зашлакам со уљето еднаш годишно од немукает, да запалам со тие каблите ако заглавам до тој степен и да се јавам на АМСМ за да го искористам годишното членство Ама затоа од останатите машки работи, работам се по дома. Од водовод до се што ќе се расипе.. Од ѕидање, лепење плочки, редење бекатон, малтерисување, молерисување, уште да не ми фуфка толку да го допрам апаратот за заварување и ќе биде мрш мажи, ај кен ду ит мајселф
Во Модена Италија еднаш имав прилика да однесам ауди кое тогаш го возев на сервис. Редовен сервис беше за промена на уље, филтри итн. Цел персонал им беа девојки освен, еден дечко кој нешто правеше проверки на компјутер од страна. Дури ми делуваше чудно. Од прием па до завршеток не сметајќи го човеков се беа од женска популација. Е сега дали тој ден имало акција некоја или секогаш им е така незнам. Не се вратив во тој сервис поради тоа што го променив градот на престој. Се работеше за редовен сервис, и услугата беше 100% успешно завршена. Она што ми остави добар впечаток е дека сите на кои наидов во сервисот носеа ракавици и беа во одело кое беше максимално чисто. Ќе помислам дека се докторки, а не механичарки. Кога само ќе помислам која е разлика од таму до овде кај нас, каде во Месарница луѓево не носат ракавици и се нечисти едноставно ми се лоши. Овде не сум наишол на девојќи кои работат во сервис освен можеби на прием, но гледам дека другарки околу мене доста се разбираат. Комшика има старо рено и секогаш си чепка по нешто на него. Сама менува гуми и уље итн. Јас иако сум машко никогаш сум немал интерес за механика. Знам основата да видам дали добро работи. али клипови,блокови и сл. немам поим. Можеби тоа е дека претежно сум возел понови коли па не се расипувале или сум немал желба стварно незнам. Но знам дека и денес не би се замарал со тоа. Блиску до местово кај што живеам има сервис па еднаш бев да си направам редовен сервис. Толку ми стана досадно и ми се виде прљаво, па уште и српска музика пуштена од страна на механичарот ми се здосади и едвај чекав да си отидам. Од тогаш не сум бил во сервис. Кога е потребно да се промени уље и филтри во маалскиве сервиси му давам пари на татко ми и он оди и ми врши работа, бидејќи се разбира многу повеќе. За официјалниве сервиси пак тука и надвор особено Италија( за други земји незнам) се разлика небо и земја во поглед на чистота Овде сум бил во Порше Волксваген, Фиат, Пежо и Цитроен и нитуеден сервис не е ниту на приближно ниво како во Италија. Можеби треба да им се даде повеќе шанса на девојките во сервис, па да се надеваме на почисти сервиси и хигиена во нив. Вака страшно е ова што се случува Стандарт Гватемала.