1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Автомеханичарка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tatjana95, 27 јуни 2017.

  1. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Не сум била во авто сервис во стрснство и не можам да зборувам за тоа, но знам многу добро како овде стои работата.
    Факт е дека како земја сме многу многу многу назад, и со стандард, и со култура. Тоа се одразува на се - болници, училишта, фабрики, патишта, пазар, на се можно па и на авто механичарските работилници и сервиси. Уште светлосни години ќе треба да поминат за да стасаме до некое ниво на кое сега се наоѓа Италија, пример.

    Тоа што фали најпрво се пари, обрт на пари, финансиска стабилност - како прво, и култура на работа, како второ најважно. Знаете ли дека во земјичкава во која живееме, голем број од механичарите мислат дека е срамота да носат нараквици, зошто тие се мажи нели, треба се да можат да поднесат.. пример, сите хемикалии од маслото кое е канцерогено :) Мозок бе, шта да ти причам.. Понатаму, заработувачката на маалските мајстори обично толку е мала што новиот комбинизон за работа е секогаш одложен за некоја друга прилика, и покрај тоа што кошта бедни 400-500 денари. Па се носи стариот кој самиот не знае што се има видено, а мајсторот изгледа како оџачар.. Даље, крпи за бришење раце? Парталчиња што се купуваат од комфекции како одвишок? Зошто му се бе, ќе си се брише он од блузата.... Култура на работа - ниво испод нула. Колата на муштеријата знаат да ми ја вратат измачкана со црни отпечатоци од прсти, без ни малку срам, ко демек ќе си ја испере бе! Ја ли се да работам... Повторно, култура на работа заборави.

    Е сега, не дека нема и дека не постојат мајстори на место на кои мерак ти е кола да им оставиш. Лично познавам неколку, пример се за тоа како треба да изгледа мајстор, работилница и сработено. Само што, делумно заради финансиска причина, делумно заради немање култура на работење, останатите мајстори се такви какви што со ги познаваме. Поимот за мајстор во земјава е мнгоу грд. Од муабет со луѓе, под мајстор подразбираат нешто како..
    [​IMG]
    ....наместо нешто како -
    [​IMG]

    Вистина, работата е валкана, се прават флеки кои не се вадат, рацете трајно се обојуваат понекогаш, но со добра култура на работа, соодветни услови и финансиска стабилност возможно е професијава да изгледа многу пдобро, попрефинето и воопшо почисто. Ама како што реков, ние сме уште далеку од тоа. Останува само да се надеваме дека и нас еднаш ќе ни дојде денот... :)
     
    На theowndemon, Mrs.Brain, supergirlmb и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    @Albertos некаде сум гледала емисија или сум прочитала дека Audi колите ги изработуваат исклучиво женски работнички.

    Салонот во Италија не можеш во ниту еден случај да го споредиш со салонот на Порше кај нас. Иако Порше салонот е прилично софистициран, уште не сме во Унијата. А и уште долго ќе останеме заглавени во ерата на жена-домаќинка и маж-печалбар.

    Во Италија сигурно не си возел ауди од 90'та?

    За ауди од 2014 година сервисот не е 100 евра. Па само една гума е 600 евра а моторно масло е 150 евра. Е сега, колку коли ауди од 2014 си видел кај локален авто-механичар а колку коли форд ескорт?
    Јас и не очекувам хигиена кај локалните мајстори кога ќе земам во обзир какви коли му доаѓаат на поправка или редовен сервис.
     
    На Tatjana95 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Ако некои жени знаат добро да ја работат таа работа не верувам дека некој нема да ги прими на работа. Плус, ќе влечат машки муштерии удварачи. Особено ако е некоја цицласта. Тоа може да биде полн маркетинг трик. Но, суровата реалност е дека 98% од светската женска популација не ги интересира тоа ни под разно да го работат. Јас лично не би сакал мојата жена тоа да работи. Бљак, ко мушкадарк некоја...
     
  4. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    @Jacques , ќе те замолам ако можеш да објасниш кои се причините поради кои не би сакал да имаш за жена некоја што се занимава со автомеханика?
    Ни најмалку не ми е цел да те осудувам, сакам само да разберам зошто така размислуваш...знам дека многу мажи го имаат тој став, па сакам да се соживеам повеќе со ситуацијата.
     
  5. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Затоа што има милион поубави женски професии со коишто би се занимавала и би ми била женствена во моите очи и би сакал да ја гледам со убаво негувано тело, прсти, мирис. Мушкадарки не сакам. Сигурно дека има жени што работат во големи автомобилски центри, но тоа нема врска со автомеханизација и сервис.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    @Jacques ок, фала за одговорот :D
     
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Е дај одлучи се де - "цицлеста" или "мушкадарка"? :rofl:
     
  8. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Ако е цицлеста можеби би направил некој компромис и ќе “жмурам“ на нејзината машкост. Да не сакаш нешто меѓу редови да ми кажеш? Имам пријатели во тој бизнис:P
     
  9. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Аха да, на форум ќе ми е непријатно на одреден лик да му кажам што мислам. |(

    Ти си конфузен, нели цицлеста автомеханичарка ќе привлекува клиенти, е таа само за реклама ли ќе е? :rofl:

    Jacques со твојот памет и шовинистички став кон жените, ја сум убедена дека најблизок контакт со жена ти е касиерката во маркетот во кој пазариш. Можеш ти да си мислиш дека ќе правиш компромис, ама со кого? На жена со здрав памет ти не можеш ниту да и се приближиш.
     
    На theowndemon, Mrs.Brain, x.Daisy.x и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Таа цицлеста као демек работи, а всушност е аниматор. Исто ко тие проститутките што ти трепкаат со очи на летувалишта со цел да ги честиш пијачка :D

    Ребека, верувај дека со мојот памет и касиерка би смувал на каса за 30 минути. Не би да се фалам, али ќе се фалам.

    Јас не сум шовинист, ниту знам што тој збор значи, баш ги обожавам жените и ја почитувам нивната природност да ми служат, па затоа и ретко која ме нема наградено, ама навистина :P
     
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    ... (facepalm)

    [​IMG]
     
    На theowndemon, x.Daisy.x, crimson и 5 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.992
    Допаѓања:
    261.096
    Значи стварно темиве, па и ликови како Жак :rofl::rofl::rofl:
    Убила ме туЏа срамота :tmi:
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    368
    На дискавери имав гледано пред некоја година. одеше еден серијал во кој стануваше збор за некоја автомеханичарка и тоа доста успешна ако не се лажам во колумбија.

    Да баш ауди носев на сервис горе. Ако паметам 3-4 години тогаш старо. Цената и не е така голема за разлика од порше кај нас, дури можно е таму и да е поевтино.

    Стандардот е нормално друг и може да си дозволам да ја однесам колата на сервис, а притоа тоа да не го ни почуствувам за разлика од тука.

    За локалниве мајстори нема да се согласам до крај. Точно е дека некои работат на секакви возила, но има и локални што работат исклучиво со понови и скапи автомобили. Кај нас ситуацијата е малку извртена па услуга најчесто ќе се добие иста и во официјален, а и во локален сервис, па дури ако мајсторот ти е пријател може и да ти препорача и даде совет за поубаво уље, за разлика од порше на пример кои си прават дубари и манипулации.

    Не се согласувам дека хигиената е целосно зависна е од финансиите. Можеби делумно, но не и целосно

    Приходите во задниве неколку години им се и до 5 пати покачени поради странските коли кои се извозени и константно им е потребен сервис и тоа скап, па сега ако немаат приходи незнам кога би било подобро.

    Пак ќе кажам има локални сервиси т,е мајстори кои одбиваат да работат на стари коли и работат само на понови или поскапи коли.

    Кои се предности за разлика од странство или од нашиве официјални.

    - повеќето работат на диво
    - Не плаќаат никакви даноци
    - цела заработка останува кај нив
    - луѓето немаат увид( може деловите ги купил 100 евра а ми ги продава како 200 па и повеќе)
    - горе имаат одговорност луѓето кои се нафќаат да работат.(тука ако не испадне нешто нема на кој да пријавиш и да си го оствариш правата)


    И сето ова им е плус заработка. Тука не само што има финасии за хигиена туку имаат и за донации да даваат.
     
    Последна измена: 30 јуни 2017
  14. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    @Albertos , да беше така, спонзорушиве ќе бараа механичари за дечковци а не некои газди, бизнисмени или што ти знам јас..
    Површно гледано, во право си. Детално и реално гледано - не си.

    -Со увозот, како што се зголеми бројот на коли, дупло се зголеми и бројот на самоделски маалски мајстори. Конкуренцијата се зголеми, голем број муштерии му "избегаа" на мајсторите, бидејки некој друг работел за 50 ден поефтино.

    - иако изгледа така, луѓето имаат многу повеќе увид во цените, барем оние што сакаат да имаат. Цените на авто деловите се достапни за секого, можеш во било која продавница да си прашаш. А за цената на услугата исто можеш да исконтактираш повеќе мајстори. Плус, еднаш да те фатат дека крадеш, нема да ти се појават уште еднаш кај тебе а и на лош глас ќе бидеш. А и да украде маалски мајстор, колку ќе биде тоа,200 денари, 500? Од толку не се збогатува..

    - да, даноци не плаќаат тие што се непријавени. Истите се постојано на огромен ризик од инспекции и слично бидејќи заработуваат непријвен приход. Сепак, голем дел од мајсторите се пријавени и си ги плаќаат сите давачки кои државата ги предвивува.

    - последно, оваа работа бара многу алат кој не само што скапо кошта, туку и не се купува само еднаш туку бара амортизација постојана, која баш и не е ефтина.

    Не викам дека работат баш како што би требало. Реков и во претходните мислења дека ужасно многу му фали култура на работа. Сепак, мислев дека имаш некои неточни ставови од проста причина што не си бил доволно многу во контаакт со работата па сакав да појаснам... Nothing personal.. ;)
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  15. stranger2

    stranger2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2016
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Паметам, еднаш на класен час имавме една активност. И класната ни кажуваше два примери: девојка која има искуство и штотуку си отворила работилница и некое машко кое што го наследило занаетот ама не знае ништо, кај кого би го оставил автомобилот? Сите машки рекоа дека би оделе кај машкото зашто што се разбира женско во машка работа? Како сум засрамена што живеам во ваква држава..
     
    На theowndemon, crimson, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Pcelka94

    Pcelka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2015
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    4.390
    Пол:
    Женски
    Абе ти многу барања имаш :rofl:
    Да не сакаш и голема задница да има таа?
    Не за друго, бар ќе плакнеш очи додека гледаш како ти ја средуваат колата :rofl:
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Голем задник не пречи кај автомеханичарка, ама големи гради може да бидат проблем за таа професија :D

    [​IMG]
     
    На theowndemon и Pcelka94 им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.992
    Допаѓања:
    261.096
    Пих, оваа неспремна е, каналот дек и' е?
     
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Спремна е. Палецот е нејзиниот алат. Доволно е само да го крене на автопат и ќе се испотепаат кој попрво да и ја среди колата :)
     
    На Pcelka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Ако се разбира жената зошто да не? Ние сме како прво многу назад во поглед на некои размислувања и сфаќања.Работата е физички тешка и незнам колку може жена како оваа погоре да ја издржи. Но, денес технологијата оди напред, има многу алати, дијагностики и слично кои и те како може жена да ги разбере. Мм го работи ова, многу добро знам што е и како е. А богами од неговото збореење знам и некои поправки :). Што знам ако не се снајдам со работа во поблиска иднина може ќе му се посветам на ова со заеднички сили.
    Прочитав погоре, пишал некој за деловите како ги наплаќале. Мм секогаш порачува делови и си зема фискална или го праќа муштеријата на крај да си плати таму, Е сега кој како е чесен во намерите така. Заработка има, но работата е тешка.Во поглед на хигиена, цел ден со масла, нафта и слични работи не е возможно да си чист освен ако немаш друга работа па десет пати да менуваш одела.
     
    На Tatjana95 му/ѝ се допаѓа ова.