Оу shit Вака значи јас сакам од 1ви до 10ти да одам надвор, регистрација имам на 15ти, значи нема да прават проблем за излез. А за картонот колку што памтам имаше некоја опција месечен да се извади или грешка сум? Уште ова, смеам 2-3 недели пред истек да ја регистрирам? Те испрашав како да работиш таму
Смееш еден месец пред истек да ја регистрираш. И маж ми така ја региститраше лани пред одмор, му истекуваше додека сме таму. Има опција и за еден месец зелен да вадиш ама скапо е, за цела година 100, за месец 50 евра излегуваше, така некако.
Вреди и не секој можи да го има кросоверов. Ако имаш можност а во план имаш и други премиум луксузни возила, Q8 е одличен во тој сегмент на луксузни кросовери.
Препорака за добар мајстор и сервис? И некој совет за самочистење внатре и оддржување, кога немате можност за перална?
Која е предноста да се има челични и алуминиумски бандаши? Ако некој се разбира повеќе, да пише предности и слабости? Раткапни каде може да најдам?
Алуминиумот е помек метал, бандажите би требало полесно да се искривуваат. Челикот знаеш што означува. Немам идеа што бараш во последниот параграф и каде можеш да го најдеш, ако некој друг знае ќе одговори.
Челични бандаши со зимски гуми а алуминиумски фелни со летни гуми. Челичните се поевтини и зато ги земат за во зима за со зимски гуми.
Во некој случаи челичните алуминиумските бандаши излегуваат по отпорни на триењето иако алуминиумот е помек. На повисоки оптеретувања челикот е поиздржлив. Да, има раткапни за челичните бандажи. Во секој случај и двата бандаши се добри. Тест на алуминиумски бандажи и челични:
@Snow-Star @AAKG @quattro Ви благодарам за одговорите. Последното прашање за раткапните, не се однесуваше дали има или не, туку КАДЕ, ВО која продавница или магацин можам да најдам да купам, оти ми ги украдоа сите четири.
Можиш на пазар да најдиш или во веро, веро џамбо.... Во било која продавница за авто делови. Имаш од 400 до 3000денари. Какви сакаш има раткапни. Само ќе си ставиш и стеги.
Имаш повеќе разлики, челичниот бандаж е затворен тип, дискот и кочницата не се ладат толку брзо како кај алуминиумскиот, во случај на собраќајка или пролизугвање и удриање во пределот на тркалото и трапот- Челичниот бандаш го прима 90% од ударот, трапот останува читав и имаш мала штета. Алуминиумксиот бандаш при удар пука згора на се и трапот се витка, дупла штета ама па од друга страна естетски ниедна раткапна не може да ја земени алу-бандаж, добри алу-бандажи 50% од убавината на колата
@Passenger555 Препорачај ми ако може, гуми летни/зимски од каде да купам, а за бренд знам дека се квалитетни Мишелин, Пирели и Гуд Јир.
Имаш во Stop and go, Moto centar e-gumi.mk итн.Гумите што ги наведе се квалитетни, но држат и добра цена. Зимски/летен сет (со марките што ги наведе) може да те кошта и 1000евра +